Македонија
Снег во Скопје
Снег почна да вее попладнево во главниот град, Скопје.
Кон крајот на годината падна долгоочекуваниот прв снег во Скопје, кој најмногу го чекаа најмладите.
Метеоролозите најавуваат дека во вечерните и ноќните часови се очекува да се интензивираат врнежите од дожд, а на планините се очекува снежната покривка да достигне од 10 до 20 сантиметри.
Висинатата на снежната покривка во Берово, Маврово и Виница е 9 см, во Крушево 8 см, во Битола и Охрид 7 см, во Лазарополе 4 см и во Прилеп 2см.
Во понеделник ќе се спушта многу студена воздушна маса од север со умерен до засилен северен ветер која во наредните денови ќе предизвика променливо облачно и многу студено време со локален снег и појава на голомразица./крај/ухмр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Бутел, Карпош и Сарај денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Александар Турунџов во општина Бутел.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Панче Пешев бр. 1, 3, 5 и 7 во општина Карпош, како и корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка во општина Сарај.
Македонија
Без вода делови од општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известувааат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 5/4“ на бул. Илинден б.б, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од ул. Љубљанска до ул. Никола Парапунов. ( општина Карпош )
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево време
Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.