Македонија
Студентите и професорите во понеделник на протест пред Собрание
Студентите и професорите во понеделник во 11 часот по четврти пат ќе излезат на протест против измените на Законот за високо образование, овој пат пред Собранието, каде е закажана седница на чиј дневен ред е токму новиот предлог Закон.
„Ако сега замолчиме, ќе се вратиме во апатичната сонливост и умствена умртвеност од која штотуку се разбудивме. Ако сега замолчиме, ја отфрламе сета општествена одговорност која ја носиме како студенти и интелектуалци, и ќе ја згаснеме сета надеж која ја разгоривме кај сите граѓани на оваа земја со досегашната храброст. Сите заедно да се спротиставиме на нивниот молк, да одговориме со погласен непокор“ повикуваат од Студентскиот пленум.
Од Професоркиот пленум најавуват дека ќе организират отворено собрание на Професорскиот и Студентскиот пленум пред Собранието на Република Македонија.
„На заедничкото заседание ќе се дискутираат прашањата за организирање на претстојните масовни демонстрации на незадоволство и револт како и начинот на организиран отпор кон предложените штетни измени во образованието.
На дневен ред на собраниската седница којашто е закажана за на пладне, се Законот за високо образование и другите измени коишто ги донесе Владата за образованието.
На народните избраници ќе им се достават писмата на професорите од Македонија, писмото на странските професори и писмото на студентите со кои се искажуваат аргументите за нашето неприфаќање на предложените измени и дополнувања на Законот за високото образование. Отворањето на постапката на пленарна седница на Собранието на Република Македонија во спротивност со јавно искажаниот став на најзасегнатите од овие промени, за нас е неприфатлив и недемократски чин и затоа најавуваме уште поголема мобилизација и масовно противење на ваквиот начин на носење на одлуките“ најавуваат од Професорскиот пленум.
Законите го поминаа првото читање на собраниската Комисија за образование./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.