Економија
ЕП: Даночните обврзници веќе нема да ги спасуваат банките
Европскиот парламент (ЕП) ги одобри трите мерки кои гарантираат дека банките веќе нема да се потпираат на даночните обврзници. Две од мерките се поврзани со банките во тешка состојба, а третата се однесува на гаранциите дека кредитните институции, а не даночните обврзници, ќе ги гарантираат депозитите под 100 илјади евра.
Овие мерки ја надополнуваат веќе постоечката единствена банкарска супервизија и ја придвижуваат ЕУ напред на патот кон банкарски унија, соопштуваат од ЕП.
Парламентот постигнал значителен напредок во преговорите со министрите за финансии на земјите членки, особено во однос на правилата за создавање на единствен европски механизам за реструктуирање и со него финансираниот фонд, финансиран од банките , во кој се очекува да постапат вкупно 55 милијарди евра, истакнала Елиза Фереира, португалски европратеник од групата на Социјалистите и Демократите.
Со ова во голема мера ќе се намали можноста за политички игри, со кои би можеле да се блокираат одредени активности во однос на банките, и ќе гарантира дека фондот може да биде основан што поскоро и да се користи фер.
Според германскиот европратеник од групата на Социјалистите и Демократите, Петер Симон, ажурирањето на правилата за гарантирање на депозитите ќе им овозможи на штедачите да си ги добијат парите назад многу поскоро кога некоја банка се наоѓа во тешка состојба.
За време на економската криза загубите кои многу банки ги претрпеа беа пренесени на грбот на даночните обврзници и немаа големо влијание на вредноста на активата на банката.
Алатката за рекапитализација преку внатрешни извори, утврдена и во двата нормативни акти за спасување на банкарскиот сектор, ќе осигура дека сопствениците на банките и нивните кредиторите им ќе бидат меѓу првите кои ќе претрпат загуби, доколку банката западне во потешкотии.
Двaта нормативни акти за спасување на банкарскиот сектор ќе бараат од банките да финансираат и резервни фондови за покривање на понатамошни загуби, по користењето на алатката за рекапитализација преку внатрешни извори.
Во следните 8 години, страните вклучени во банкарската унија (сите земји од Еврозоната и земјите надвор од Еврозоната, кои доброволно ќе се приклучат кон неа) , ќе создадат единствен фонд за конверзија на проблематични банки во износ од вкупно 55 милијарди евра, кој ќе се финансира преку придонеси од кредитните институции во овие земји.
Земјите надвор од банкарскиот унија ќе мора, во рок од 10 години, да создадат сопствен фонд, кој исто така ќе се финансира со придонеси од кредитните институции во овие земји и кој треба да биде изнесува 1 процент од гарантираните депозити.
Европските пратеници одамна се залагаат за тезата дека кога една банка ќе западне во тешка состојба , одлуките за тоа какви мерки треба да бидат преземени треба да се земаат на здрава техничка основа. Некои држави членки сепак сакаа да им дадат на финансиски министерства клучна улога при одлучувањето како да се справат со конкретни случаи што припаѓаат во сферата на единствениот европски механизам за реструктуирање.
Усвоениот компромис значително го ограничува влијанието на земјите членки и на политичката интервенција, за да се овозможи да има поголема правда, побрзи акции и пониски трошоци за решавањето на проблемите на банките./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

