Забава
Британската влада против солариумот

Британската влада го подржа предлогот, на личностите помлади од 18 години да им се забрани третман во солариумите поради тоа што тоа го зголемува ризикот од рак на кожа
„Научните докази се јасни – солариумите го зголемуваат ризикот за да заболите од рак на кожа. Солариумите им се премногу достапни на младите луѓе и јас сум одлучен да се покрене акција за нивна заштита,“ изјави британскиот министер за здравство, Енди Бернам, пренесе Ројтерс.Предложениот закон за забрана на солариумите за младите би требало да се најде пред британскиот парламент на крајот на јануари.Меѓународната агенција за истражување на рак на кожа (IARC), во јули минатата година, средствата за потемнување на кожата ги постави на листата на средства кои предизвикуваат најголем ризик од рак и ги карактеризираше како „канцерогени за луѓе“, бидејќи едно истражување утврди дека ризикот од рак кај корисниците на солариумот е зголемен за 75 проценти.IARC нагласува дека солариумите се особено опасни за деца и млади луѓе.Во некои земји, како и во некои сојузни држави на САД, на тинејџерите им е забрането користењето на солариуми, додека во други места се бара согласност за нивно користење од страна на родителите или од докторите.Во Австралија им е забрането користењето на солариум на децата, и во салоните за потемнување мораат да бидат истакнати предупредувања за потенцијалните здравствени проблеми, вклучувајќи го и ракот на кожата.Во истражувањата кое британската влада го нарачала од агенцијата IARC, утврдено е дека шест проценти од младите Британци, на возраст од 11 до 17 години, користат солариум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хју Џекмен позираше со Рајан Рејнолдс, фановите му порачаа да се дистанцира од него

Хју Џекмен предизвика низа реакции со објава на Инстаграм каде сподели фотографија на која позира со Рајан Рејнолдс, Шон Леви, продуцент на филмот „Deadpool & Wolverine“ во кој глумат Џекмен и Рејнолдс.
Додека некои следбеници даваа комплименти на екипата, некои му испратија на актерот предупредување за неговото пријателство со Рејнолдс, чија сопруга Блејк Лајвли моментално е среде кавга со актерот Џастин Балдони.
„Изгледаш одлично, но Рајан е во неволја. Можеби би било подобро да се дистанцираш од таа страна. Колку повеќе слушам за него и за Блејк, толку повеќе ми станува јасно дека треба да направиш пауза ако сакаш да ја држиш главата над вода“, „Ќе се правам дека не го видов ова, „Разочаран сум што Рајан е гнило човечко суштество”, беа само некои од коментарите.
Неодамна се појавија и гласини дека Џекмен и Тејлор Свифт би можеле да бидат повикани да сведочат на судењето меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Можеби наскоро ќе добијат официјална покана.
Џекмен се најде во овој случај поради Рејнолдс и филмот „Deadpool & Wolverine“. Балдони претходно го обвини Рејнолдс дека го исмејувал во овој филм, со оглед на неговата соработка со Џекмен.
„Хју ќе мора да сведочи ако ова оди на суд. Нема шанси тоа да не се случи“, изјави претходно извор близок до него.
Забава
Британска водителка позираше во латекс, луѓето не можат да поверуваат колку години има

Британската водителка Аманда Холден ги привлече погледите за време на неодамнешното излегување во Лондон.
54-годишната Аманда се појави во кафен фустан од латекс, кој го комбинираше со ракавици во иста боја. Таа во комбинацијата додаде златни потпетици, накит и очила за сонце.
Следбениците често и пишуваат на познатата водителка на Инстаграм дека изгледа многу младо.
„Како е можно како што старееш да изгледаш подобро?“, ѝ пишуваат и често нагласуваат дека не можат да поверуваат дека Аманда има над 50 години.
Pogledajte ovu objavu na Instagramu.
Аманда Холден е британска телевизиска водителка, актерка и пејачка, најпозната како долгогодишен судија на „Британија има талент“, во која учествува од 2007 година.
Таа ја започна својата кариера како актерка, појавувајќи се во британски серии.
Аманда е во брак со музичкиот продуцент Крис Хјуз од 2008 година. Двојката има две ќерки: Лекси (19) и Холи (13). Пред тоа, Аманда беше во брак со комичарот Лес Денис од 1995 до 2003 година.
Забава
Хороскопските знаци на скара: Едeн нуди ракија, друг не донел ништо, трет ги кара сите дека погрешно работат

Секој од нас има своја улога кога тимот се собира на скара – некој е задолжен за огнот, некој за салатата, а некој само за приказната. Ако верувате во хороскопи (или барем сакате добра астро-забава), тогаш знаете дека секој знак има свој карактеристичен стил на однесување. Еве како изгледа типична скара – кога се поканети сите знаци.
Овен
Веќе пали оган и вика дека сите погрешно работат. Прв се појави, не донесе ништо затоа што има се дома, но сега командува како да води кулинарска емисија.
Бик
Има своја чинија и свое месо. Лежи под сенка, чекајќи совршено печен колбас и не сака кога некој ќе ја допре неговата салата што самиот ја направил.
Близнаци
Не престана да зборува откако дојде. Две скари истовремено, едно селфи со скара и три теории зошто е подобро да се пече без алуминиумска фолија.
Рак
Се грижи дали има доволно за секого. Донесол премногу храна „за секој случај“ и постојано прашува кој се уште не јадел. Тој верува дека сите се гладни дури и кога не се.
Лав
Стајлинг за Инстаграм, дури и кога пече колбаси на скара. Сè мора да изгледа совршено затоа што – никогаш не знаете кој гледа. Скарата е само сцена, а Лавот е ѕвезда.
Девица
Знае со што да ја подмачка скарата. Таа го донесе својот микс за зачини и не ги одобрува хаотичните чинии околу неа. Како и да е, на крајот ќе ги исчисти.
Вага
Дали сакате пиво или газиран пијалок? Или можеби вода? Или лимонада? Најљубезен домаќин меѓу знаците. Изгледа како корица на каталог за градинарски мебел.
Шкорпија
Сите мислат дека не се забавува, но таа всушност знае сè и забележува сè. Кога конечно ќе се насмее – знаете дека скарата успеала. Прави месо како да оди во војна.
Стрелец
Планирал да дојде на два часа – останал до полноќ. Донесе лут сос што никој не може да го јаде и веќе зборува за скара следниот викенд „некаде во ридовите“.
Јарец
Организираше се, но сега заборави да ужива. Има список кој што донел, каде седел последен пат и кога се служи десерт. На крајот сепак се чувствува добро.
Водолија
Тој донесе тофу и музичка плејлиста. Никој не знае кој го покани, но на сите им е мило што е тука. Во еден момент, тој води дискусија за рециклирање хартиени чинии.
Риба
Таа се појави со овошна салата во тегла и насмевка. Слуша сè, ги отсликува туѓите чувства и на крајот на вечерта тивко ги мие садовите. Никој не побара, но таа знаеше дека треба.