Региони
Штип со хуманитарен концерт за загинатите бранители од Куманово
ДСМУ „Сергеј Михајлов“ како организатор и Општина Штип како логистичка подршка, заеднички организираат хуманитарен концерт за Македонските бранители.
Целта на хуманитарниот концерт е да се искаже хуманоста и почитта кон загинатите бранители од Македонската полиција, кои загинаа во пресметка со терористичката банда во Куманово пред неколку недели и да се соберат средства з анивните семејства.
Концертот ќе се одржи во четврток (21 мај 2015) со почеток во 20:00 часот во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. На концертот учествуваат ученици од средното музиќко училиште кои ќе се претстават со класика и популарна музика, како и со сопствени рецитали посветени на македонскте бранители.
Цената на влезницата е 100 денари а собраните средства ќе бидат донирани на семејствата на загинатите припадници на МВР. Секој заинтересиран, може да донира и повеќе средства односно да плати и поголема сума за влезниците со што го зголемува и фондот за поддршка на бранителите.
„Апелираме штипјани да бидат дел од овој концерт, да ја исполниме салата во Домот на културата до последното место, да оддадеме почит на нашите паднати херои, да дадеме поддршка на нивните семејства кои останаа без нивните најмили и секако да собереме средства за нивна подршка. Ги повикуваме сите правни и физички лица, да купат влезници и со тоа да придонесат за успешен хуманитарен концерт за македонските бранители. Во текот на денешниот и утрешниот ден, влезници ќе се продаваат пред Домот на културата а резервации може да се обезбедат и преку средното музичко училиште“ велат од Општина Штип.
Општина Штип ги повикува сите штипјани да бидат дел од овој хуманитарен концерт и со тоа да ја искажат својата почит кон бранителите кои ги положија животите за зачувување на суверенитетот и интергитетот на Македонија и да им помогнат на семејствата на починатите припадници на МВР.
Влезниците можат да се купат од билетарата на Домот на културата, и ги повикуваме сите штипјани да покажат хуманост и почит и да присуствуваат на концертот во што поголем број. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.