Контакт

Забава

Како да се заштитите на Фејсбук

Објавено пред

Иако кликнавте на опцијата „прескокни“, Фејсбук ќе најде начин да ја тргне таа опција и да ве присили да го ажурирате прилагодувањето пред да почнете со користење на таа страница. Кога ќе ги прифатите препораките на Фејсбук или доколку ги промените прилагодувањата за

dobivaj vesti na viber

Иако кликнавте на опцијата „прескокни“, Фејсбук ќе најде начин да ја тргне таа опција и да ве присили да го ажурирате прилагодувањето пред да почнете со користење на таа страница. Кога ќе ги прифатите препораките на Фејсбук или доколку ги промените прилагодувањата за приватност, тоа може да значи дека сте објавиле повеќе информации отколку што сте планирале.Во исто време, Фејсбук им овозможува на своите корисници да ги контролираат прилагодувањата за приватност многу повеќе за разлика од другите социјални мрежи.Доколку сакате да бидете на Фејсбук и вашиот статус да биде „исклучен“, треба да погледнете некои можности во вашите прилагодувања.

1. Некои од вашите податоци се видливи за секој корисник на Фејсбук.Секој може да го гледа вашето име, вашата фотографија на профилот, името на работното место или, пак, школските мрежи на кои сте член, како и страниците на кои сте обожавател. Ако не сакате вашиот работодавец да дознае за вашите чудни фетиши или секти и политички движења, избегнувајте да станете обожавател на таквите страници. Можете да изберете опција која нема јавно да објави дека сте станале обожавател на тие страници. Вашиот пол и сегашен град на живеење се исто така видливи, ако ја одберете таа опција. Ако сакате да промените нешто на вашиот профил, можете да не одберете да се гледа „вашиот пол на профилот“ или да оставите празно место на „ваша локација“.

2. Вашата листа на пријатели исто така може да биде видлива.Фејсбук ја смета вашата листа на пријатели како информација што може да биде видлива за сите корисници на Фејсбук. Но, со објавување на вашата листа на пријатели, многу работи може да се откријат за вас, како на пример вашата сексуална ориентација. Но, има начин да се прикрие листата. Одете на вашиот профил и кликнете на икончето со сино пенкало на десниот агол од вашата рамка со пријатели, доколку не сакате да се покаже „вашата листа на пријатели“. Но, сепак, оние кои веќе ви се пријатели, можат да ја видат вашата листа на пријатели.

3. Можете да се скриете од веб-пребарувачите.Има дел за „пребарување“ под страницата за лични прилагодувања, која се наоѓа во горниот десен агол на веб-страницата под „прилагодувања“. Ако кликнете на рамката „дозволи“, која се наоѓа веднаш до „јавни пребарувачки резултати“, информацијата што Фејсбук ја покажува јавно (како, на пример, фотографијата, страниците на кои сте обожаватели и вашата листа на пријатели), како и сè останато за кое сте направиле да биде видливо за секој корисник на Фејсбук, ќе се појави кога некој би го исчукал вашето име на Гугл. Работите кои сте избрале да останат тајни, нема да се прикажат на веб-пребарувачите.Сега луѓето со кои сте изгубиле каков било контакт се во можност да ве пронајдат на Фејсбук. Ако, пак, не сакате да ве пронајдат, тогаш е најдобро да кликнете на опцијата за ограничен пристап до вашиот профил.Второ прилагодување, кое ги контролира пребарувањата во рамките на Фејсбук, ви дозволува да видите кој е вклучен. Ограничете го пребарувањето, на пример само за пријатели, ако сметате дека ги имате сите потребни пријатели и не сакате некој да ве најде штом го внесе вашето име на Фејсбук.

4. Бидете претпазливи на апликациите од трета страна.Квизовите и игрите се забавни, но секојпат кога ги играте, најпрво треба да овластите пристап до вашиот профил иако е видлив само за вашите пријатели. Со самото овластување, вие дозволувате пристап до апликациите посетувани од вашите пријатели.Под „апликациски прилагодувања“, Фејсбук ги вбројува сите апликации кои ги имате отворено на вашиот профил. Ако не сакате да се покажува апликацијата „Која златна девојка си ти?“, тогаш кликнете на „Х“ и со тоа ќе ја отстраните таа апликација. Апликациите кои ги користите редовно и со ажурирање на вашиот профил, би останале на профилот.Со кликање на „апликации и веб-страници“ на страницата за лични прилагодувања, можете да изберете дали сакате вашиот роденден, фотографии и други информации да бидат видливи за вашите пријатели.

5. Прегледајте ја вашата листа на пријатели.Во просек, еден корисник на Фејсбук има 130 пријатели. Но, многу луѓе контактираат со многу помала група, кога коментираат на статусот, фотографиите и линковите. Не би било лошо да погледнете кој ги гледа вашите фотографии и кој коментира на вашите статуси. Не се обврзувајте да прифатите некого кого не го познавате, иако тој ве прифатил прв. Некои училишта имаат правила за Фејсбук во врска со односите меѓу работодавците и работниците или меѓу професорите и учениците.

6. Создадете ваша група на пријатели.Ако имате многу пријатели, поделете ги во групи. Почнете со група на пријатели со кои најмногу комуницирате. Со креирањето на овие групи, можете да избирате кои информации би биле видливи за вашите пријатели. На пример, можете да го ограничите пристапот за луѓето кои не ги познавате многу добро или, пак, за некои далечни роднини.

7. Ограничете пристап до вашите огласи.Ставете статус „Јас сум гладен“. Потоа кликнете на иконата со клуч. Ќе видете неколку контроли за приватност кои ви дозволуваат да го ограничите пристапот до вашите објави. Може да изберете да ги гледате само вие и потоа ќе кликнете „зачувај прилагодување“. Притоа, може да го зголемете или да го намалете пристапот до вашите информации на профилот.

8. Дајте им на знаење на своите пријатели дека имате свои граници – лице в лице.Многу од нас се наоѓаат во ситуација кога ќе се вклучат на Фејсбук да видат објавени фотографии на кои воопшто не се сеќаваат, некои добри, некои лоши и смешни. Вашите пријатели, всушност, не знаат дека не сте сакале овие фотографии да бидат објавени. Затоа, ако некој ве фотографира на некоја забава, речете им најпрво да ве прашаат пред да ги објават фотографиите на Фејсбук.

9. Никогаш не се надевајте на целосна приватност. Сепак, и најдобро заштитениот профил не е гаранција дека некои чудни пораки, лоши фотографии и лоши статуси нема да излезат на виделина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“

Објавено пред

Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.

dobivaj vesti na viber

Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.

@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard

Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.

Набргу потоа следуваа лавина коментари.

„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“

@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ

„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела

Објавено пред

Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.

dobivaj vesti na viber

Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.

За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.

Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.

Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.

dobivaj vesti na viber

Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.

„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.

Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.

Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.

Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.

Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ4 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија6 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија7 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија7 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ7 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија7 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија8 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет9 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа10 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет11 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет11 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет12 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет12 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа12 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија22 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет22 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...