Економија
Силен раст на прометот во американската малопродажба

Прометот во американската малопродажба забележа во јули највисок скок во седум месеци, сигнализирајќи забрзување на економскиот раст, покажаа во вторникот податоците на американската влада.
Доколку се изземат автомобилите, бензинот и градежниот материјал, прометот во малопродажбата во минатиот месец скокнал за 3,5 отсто.Овие податоци се клучна компонента на личната потрошувачка, најголем придвижувач на американската економија, на која, по некој проценки, отпаѓа околу 70 отсто од БДП-то.Јулскиот раст е најголем од декември и наговестува дека економијата можеби повторно забрзува, откако што во првата половина од годината беше под притисок од зголемениот данок и намалената јавна потрошувачка.„Домаќинствата можеби трошат малку послободно, по недамнешното зголемување на вработувањето“ рече Пол Далс од лондонски Capital Economics.Економистите опфатени со анкетата на Reuters прогнозираа раст по стапка од 0,3 отсто.Претседателот на Fed бен Бернанке минатиот месец рече дека американската централна банка веќе до крајот на годината би можела да ги намалува месечниот откуп на обврзници, насочени кон намалување на трошоците на задолжување и поттикнување на вработувањето. Fed моментно купува долгорочни обврзници во вредност од 85 милијарди долари.Многумина економисти предвидуваат дека Fed веќе наредниот месец ќе започне да го намалува износот на откуп на обврзници, а податоците од малопродажбата ги зголемија таквите изгледи. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.