Култура
Што откриваат писмата на Булгаков

Тиранската власт на Сталин режирала бавна смрт за славниот советски автор Михаил Булгаков, не го апселе но тој не смеел да пишува, ниту да излезе од Русија
Рускиот историчар Виталиј Шенталински ги собрал писмата и транскриптите од разговорите на славниот писател и диктаторот во една книга по повод 60-годишницата од смртта на авторот на „Мајсторот и Маргарита“.„Ја молам владата на СССР да ми нареди што побрзо да ги напуштам просторите на СССР заедно со својата сопруга Љубов Јевгењевна Булгакова. Апелирам на хуманоста на Советската влада и молам мене, писателот кој веќе не може да биде полезен во својата татковина, великодушно да ме пушти на слобода“, стои во едно од писмата на еден од најголемите писатели на 20-от век, Михаил Афанасиевич Булгаков, испратено до исто така еден од најголемите тирани на минатиот век, Јосиф Васарионович Џугашвили Сталин.Цитираното писмо е датирано од 23 март 1930 г., кога Сталин веќе цврсто управува со Кремљ, а неговата бескрупулозно владеење веќе ги зема првите жртви.Шенталински ги собрал 60-те писма и транскриптите и ќе ги објави во книгата која ќе биде промовирана на 60-годинината од смртта на Булгаков на 10-ти март во Шпанија. Авторот на големите по значење романи како што се „Мајсторот и Маргарита“, „Кучешко срце“, „Бегство“, „Станот на Зоја“, … или драмата „Белата гарда (Деновите на Турбинови)“ напишал и некои писма кои ги потпишал со псевдонимот Тарзан никогаш не биле испратени а неки и не дошле до Сталин.Овие писма на две значајни фигури од советската и руската историја се документи кои сведочат за едно мрачно време, измешано со ентузијазам, надеж и страв.Според Шентилански, во материјалите се покажува и наивноста на писателот, мазохизмот, фасцинираност но и ропската сервилност. Искрените писма го покажуваат и стравичниот карактер на режимот кој целосно ја уништил човечноста.Булгаков очајно настојувал да се сретне и да разговара со Сталин, обидувајќи се да најде барем малку рационалност во однесувањето на мрачниот диктатор. Тој одел и против својата волја обидувајќи се да го задржи достоинството на нормална личност во судирот со искомплексираниот мегаломан. А Булгаков токму за тоа пишуваше во „Мајсторот и Маргарите“, дека – секоја власт е насилство над човекот!По писмото што го цитиравме на почетокот, во 18-ти април истата година, во слабоосветлениот стан на Булгакови пред самрак заѕвонил телефонот остриот глас на сопругата на писателот и’ соопштил дека со него ќе зборува лично големиот водач.Транскриптот од тој разговор оди вака: „Здравствујте, товариш Булгагов? – Здравствујтсја Јосиф Вираионович, одвај изустил Булгаков – Го добивме вашето писмо. Го читавме со другарите. Вие, гледам, сакате во странство: Зарем толку ви одиме на нервите?, со тивок глас со силен грузиски нагласок рекол Сталин – Знаете, во последно време многу размислува може ли руски писател да живее надвор од татковината И мене ми се чини дека не може, рекол Булгаков. – Во право сте. Јас исто така мислам. Каде сакате вие да работите? Во Уметничкиот театар?, прашува Сталин. – Да, би сакал, но секогаш ме одбиваа, одговорил Булгаков. – А вие таму испратете замолница. Имам чувство дека они ќе се согласат да ве примат, со иронија во гласот одоговорил Сталин. – Да, да, ама јас морам да се најдам со вас и да поразговарам, вели писателот. – Ќе најдеме време, задолжително ќе се најдеме, рекол Сталин и само ја спуштил слушалката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
„Силјан“ на Тамара Котевска е македонскиот кандидат за Оскар

Македонскиот филм „Силјан“, во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia), е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм, соопшти Агенцијата за филм.
Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници, а во конкуренција покрај Силјан беа и филмовите „Ди Џеј Ахмет“ на Георги Унковски, продукција на Синема Футура, како и „Планината не оди никаде“ на Петра Селишкар – Cinepaqe Production.
При својот избор, комисијата се водеше од уметничката вредност на филмовите, квалитетот на нивната наративна и визуелна компонента, како и од актуелноста и длабочината на приказните кои ги обработуваат.
Агенцијата за филм ја поздрави оваа одлука и испрати честитки до целиот авторски, креативен и продукциски тим.
Култура
Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

По успешната праизведба летово на сцената во Македонскиот народен театар, претставата „Лов на дива свиња“ на 7 септември премиерно ќе се одигра пред публиката и во Градското позориште Подгорица. Ден потоа е закажана и првата реприза.
Марија Сарап е современа писателка од Црна Гора, која од неодамна е уметнички директор на Црногорско народно позориште. Поплавска е македонска режисерка што на нашата публика ѝ донесе значајни претстави и долгогодишен соработник на МНТ, каде што ги постави мјузиклите „Чикаго“, „Мама миа“, „Архангелот над Скопје“ и многу други. Претставата „Лов на дива свиња“ е копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште Подгорица и Здружението за развивање уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје. Во претставата играат актери од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова-Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора.
Режисерката Поплавска која е претседател на „Арт медиа“, иницираше театрите на двете земји да потпишат Меморандум за соработка, а во јуни годинава директорите на двете театарски институции, Никола Кимовски на МНТ и Сандра Вујовиќ на Градско позориште Подгорица, по потпишувањето, решија веднаш да започнат со реализација на претставата „Лов на дива свиња“, што е првиот заеднички проект. Со тоа започнува културната размена што предвидува развој на современата театарска сцена во регионот, поинтензивна соработка и нови регионални иницијативи меѓу Македонија и Црна Гора.
„Лов на дива свиња“ е современа драма и симбиоза на два авторски текста потпишани од Марија Сарап – „План Б“ и „Лов на дива свиња“. Претставата се занимава со интимна и силна исповед за жените, кои преживуваат семејно насилство и фемицид, нивната борба за себеидентификација и начините на кои се соочуваат во токсичните околности каде што се губат себеси. Делата на Сарап, општо земено, се карактеризираат со длабока психологизација на ликовите и истражување на социјалните и семејните теми, често фокусирајќи се на женските перспективи и нивните борби во патријархалните општества.
„Ова е приказна за демоните што ги ловиме цел живот во себе и се обидуваме да ги избркаме од себе за да бидеме подобри луѓе“, вели Сарап.
Режисерката Поплавска додава дека се работи за „Женска тема со јасна порака, приказна за семејно насилство и семејни тајни, демони што се пренесуваат во фамилијата. Оваа претстава е женски крик на сите оние што доживеале дел од она што ние го поставивме на сцената. Претставата ја отвора темата фемицид и истовремено е апел до сите засегнати институции. Мисијата сме ја постигнале, доколку барем некој во публиката одлучи да каже: Доста е!“, истакнува Поплавска и додава: „Со оваа претстава создадовме простор каде што актерите, без разлика на националноста и јазикот, заедно креираат искрена, силна и емотивна приказна. Радоста, енергијата и креативноста се чувствуваа на секоја проба и изведба.“
Претставата се игра двојазично – на македонски и на црногорски јазик, а сензибилитетот на актерите од двете земји ѝ носи дополнителна динамика и културна тежина.
Во претстојниот период, претставата ќе продолжи да се изведува на сцените на Македонскиот народен театар и Градското позориште Подгорица, со ангажман на две технички екипи, додека актерите ќе патуваат на релација Скопје – Подгорица. Соработката меѓу двете институции ја поттикнува долгорочната културна размена и заедничкото творештво на современи автори и уметници од регионот. Покрај изведбите што се планирани во Македонија и Црна Гора, „Лов на дива свиња“ е подготвена и за учество на регионални и меѓународни фестивали, каде што ќе продолжи да ја пренесува својата универзална порака. Проектот е одличен пример за значењето на уметничката соработка и создавање заедничка театарска сцена, која ги надминува границите и промовира важни општествени теми.
Фото: Емил Петров
Култура
„Гола месечина“ 12. пат во Аеродром од 10 до 13 септември

Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, традиционално по 12-ти пат ќе се оджи од утре, 10 септември (среда) до 13 септември (сабота), во паркот Авионче во Општина Аеродром.
На првиот фестивалски ден со почеток во 20 часот ќе се одигра претставата „Брачно советување“ од Даниел Глатауер во режија на Жељко Стјепановиќ. Претставата е на Градско позориште Јазавац – Бања Лука, Босна и Херцеговина, во која играат Снежана Мишиќ, Жељко Еркиќ и Жељко Стјепановиќ.
На 11 септември (четврток) ќе се одигра претставата „За нас почнува живот“ од Ѓерѓ Шпиро, во режија на Дејан Пројковски. Во претставата, која е дел од Здружението МАНА – Скопје, играат актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви.
На 12 септември (петок) на репертоарот е претставата „Вонбрачна комедија“ во режија на Иван Томашевиќ. Во претставата, која е дел од Сцена Маска – Шабац, играат актерите Анета Томашевиќ, Наѓа Ристиќ, Душан Симиќ и Иван Томашевиќ.
На 13 септември (сабота) ќе се одигра претставата „Ива и Глорија“ од Глорија Дубељ и Ива Шимиќ Шакороња, во режија на Јан Керекеш. Во претставата, која е дел од Театар Керекеш – Вараждин, Хрватска, играат актерките Глорија Дубељ и Ива Шимиќ Шакороња.
Истата вечер, од 21:20 часот, како дел од придружната програма, ќе настапи Бојан Велевски со својот стендап-настап.
Претставите годинава ги избра Роберт Ристов, а на последната фестивалска вечер ќе бидат доделени наградите, за кои ќе одлучува жири во состав Кристина Ласовска, Оливер Јосифовски и Мирјана Поповска Ристов.
Претставите почнуваат од 20 часот, а влезот е бесплатен за сите.