Култура
Ѓоко Танески 15-ти по ред во првото евровизиско полуфинале
На првата полуфинална вечер на Евросонгот во Осло, Ѓоко Танески ќе настапи под реден број 15, од вкупно 17 изведувачи.
На првата полуфинална вечер на Евросонгот во Осло, Ѓоко Танески ќе настапи под реден број 15, од вкупно 17 изведувачи. Ова беше соопштено вчера, на официјалната ждребка за изведувачите, кои ќе настапат во евровизиското полуфинале, на претстојниот избор за Песна на Евровизија, што ќе се одржува на 25-ти, 27-ти и 29-ти мај. Според ждрепката првото евровизиско полуфинале ќе го отвори Молдавија, а второто полуфинале Литванија. Прва полуфинална вечер:1. Молдавија2. Русија3. Естонија4. Словачка5. Финска6. Летонија7. Србија8. Босна и Херцеговина9. Полска10. Белгија11. Малта12. Албанија13. Грција14. Португалија15. Македонија16. Белорусија17. ИсландВтора полуфинална вечер:1. Литванија2. Ерменија3. Израел4. Данска5. Швајцарија6. Шведска7. Азербејџан8. Украина9. Холандија10. Романија11. Словенија12. Ирска13. Бугарија14. Кипар15. Хрватска16. Грузија17. ТурцијаГолемата четворка, плус домаќините Норвешка, на актуелниот Евросонг во Осло, настапуваат само на финалната вечер, според овој редослед: Шпанија (втора), Норвешка (трета), Велика Британија (12-та), Франција (18) и Германија (22-ра).ти по ред. /крај/ohridnews/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Мултимедијален проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ на Билјана Петровска и Марина Цветановска
Денеска, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ – солистички концерт на авторска музика на Билјана Петровска (соло пијано) и сценска визуелна инсталација на Марина Цветановска-Мартиновска.
За проектот:
Потребата да се дополнуваат музиката и визуелното во просторот е карактеристика на наведените уметнички во претходните уметнички настапи, од каде и произлегува оваа идеја. При тоа наоѓајќи ја заедничката фреквенција преку современ пристап и обработка на заедничка тема мечтаењето, желбите и потребите на луѓето во секојдневието. Всушност создавајќи ги своите форми за сценската инсталација, Марина ги работи под инспирација на музиката на Билјана Петровска.
Музиката на албумот на Билјана е инспирирана од мелодии и мотиви фолклорни песни, од она за кое се претпоставува сите го имаме запишано во нашиот код. Самиот стил на компонирање, амбиентален и медитативен донесува моменти во кои се чувствува инспирацијата од уметничките композиции и форми на Марина.
Современата релаксирачка и амбиентална музика на Билјана Петровска уште повеќе го оформува невидливото, исполнувајќи го празниот волумен со изведба на пијано звуци во современиот стил. Во целина, композициите создадени во умерено темпо, со мелодиски линии и хармонски подлоги со музикална, концептуална структура и позадина, поседуваат приемчивост и слушливост. Употребата на мелодијата и изедначените ритмизации во хармонската основа во нив, остваруваат наизменично прелевање на тонски бои со изразена суптилност. Нивното преплетување и дијалог во разните гласови и регистри, вообичаениот вовед, наместа вметнатите разработки на тематските мотиви во композициите, доведуваат до создавање на чувствено-контемплативни и медитативни расположенија, ја дополнуваат креацијата на Марина Цветаноска – Мартиновска и создаваат чувство на исполнетост, релаксираност и современо естетско визуелно и музичко оплеменување на просторот и доживување кај реципиентите.
Програма
Самовила (Fairy) оп. А
Сон ( dream ) оп. A
Исчекување (Anticipation) оп. A
Носталија (Nostalgy) оп. Ц
Вечно твоја (Forever yours) оп. A
Сеќавање (Memory) op. 1
Молк (Silence) оп.A
Единаесеттиот час (Тhe eleventh hour) – Никола Стојковски, аранжман за пијано Билјана Петровска
Мечтаење (Daydreaming) оп. A
Жед (Thirst) оп. A
Култура
„Блесок“ годишен концерт на ФМУ во Македонската филхармонија
Факултетот за музичка уметност – Скопје со најава за годишниот концерт „БЛЕСОК“ по повод Денот на основањето на Факултетот, кој оваа година слави 58 години од своето постоење. Концертот ќе се оддржи на 6.12.2024г. со почеток од 20:00ч. во Македонската Филхармонија.
Alma mater на најголемите имиња од музичката и балетска сцена во државата, регионот, па и светот, Факултетот за музичка уметност – Скопје
е врутокот од кој произлегуваат речиси сите кадри кои се дел од колективите на најголемите музички и музичко-сценски институции и неизоставен дел од образовниот процес на сите нивоа, се истакнува во информацијата.
„Ве покануваме да го проследите настапот на нашиот Симфониски оркестар, трет во државата, мешаниот хор „Драган Шуплевски“, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, Оркестарот на народни инструменти и проф. Драган Даутовски, студентите од Катедрата за балетска педагогија и Катедрата за џез и популарна музика, ансамблот перкусионисти под диригентските палки на проф. Цанев, проф. Татарчевски и доц. Спироски“, информира организаторот.
Влезот е слободен, резервации до 4.12.2024г. на: [email protected]
Култура
Станчевска-Ѓоргова на работилница: Се фокусираме на безбедносна заштита на културното наследство
Државната секретарка во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, денеска во Музејот на македонската борба се обрати на тридневната работилница која е посветена на примената на законодавството во Северна Македонија за засилување на борбата против нелегалните активности насочени кон културното наследство.
Станчевска-Ѓоргова упати благодарност за заложбата и поддршката за реализација на оваа работилница, што произлегува од успешно одржаната обука во јули годинава во Скопје во рамките на проектот „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“, финансиран од Европската комисија и имплементиран од УНЕСКО преку Регионалното биро за наука и култура во Европа, со седиште во Венеција, и Канцеларијата во Сараево.
„Со проектот, чија примарна цел е координација и интегриран пристап меѓу сите чинители во борбата со нелегалната трговија со културното наследство на регионално и на меѓународно ниво, уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност и обединетост за заштита и зачувување на културното богатство што го поседуваме“, истакна пред присутните државната секретарка во Министерството за култура и туризам.
Нагласувајќи дека учесниците на претходната работилница дојдоа до заклучок дека на национално ниво не се преземени сите мерки за координиран и интегративен пристап кој ќе обезбеди поголема безбедносна заштита на културното наследство, Станчевска-Ѓоргова информираше дека се започнати активности насочени кон зајакнување на институционалните капацитети и втемелување меѓуресорска мрежа, преку која координирано ќе се преземат активности за спречување на уништувањето на културното наследство. Таа најави дека во претстојниот период, Владата и ресорното Министерство ќе дадат фокус на засилување на безбедносната заштита на културното наследство.
„Со зацврстување на капацитетите за борба против нелегалните активности со културни добра, применувајќи јасни законски одредби, работилницата ќе придонесе за создавање меѓуресорска мрежа во која ќе дејствуваат Министерството за култура и туризам, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Царинската управа, заводите, музеите, галериите и конзерваторските центри“, рече Станчевска-Ѓоргова, акцентирајќи дека значајна компонента во борбата со нелегалната трговија со културното наследство, но и во спречувањето и казнувањето незаконски активности против културното наследство, се и обвинителствата и надлежните судови.
Таа ја посочи и имплементацијата на меѓународните конвенции од областа на заштитата на културното наследство.
„Ќе нагласам дека нашата земја, кандидатка за членство во Европската Унија, демонстрира сериозна посветеност во почитувањето на меѓународните конвенции, како и на други важни европски документи од областа на заштитата на културното наследство“, рече Станчевска-Ѓоргова.
На отворањето на работилницата, присутните ги поздравија и Алма Мрган-Слипичевиќ од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа и Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство.
Тридневната работилница е посветена на градење капацитети за подобрување на законодавните рамки за културното наследство за различните категории на клучни институционални партнери и други национални чинители. Присутни се домашни експерти, претставници од: Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за внатрешни работи (т.е. полициската служба), Царинската управа, Јавното обвинителство и судството, како и стручни лица вработени во заводите, музеите, галериите, конзерваторските центри и експерти од релевантните невладини организации.