Скопје
Започна „Европска недела на мобилност“
Започна манифестацијата „Европска недела на мобилност 2015“, која ќе се одржува од 16 до 22 септември и традиционално ќе заврши со големо велосипедско дефиле низ улиците на Скопје.
Пристапницата за приклучување кон „Европската недела на мобилност 2015“ ја потпиша градоначалникот на Градот Скопје, Коце Трајановски.
„Европската недела на мобилност е кампања која промовира визија на градски улици на кои не доминираат моторните возила. Тоа е недела на велосипедистите, пешаците, возачите на ролерки, тротинети и скејтборди – на сите учесници во сообраќајот кои не ја загадуваат животната средина, не прават бучава и не го заземаат животниот простор на граѓаните“, рече секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски, на почетокот на Европската недела на мобилност.
Тодоровски нагласи дека велосипедот е симбол на превозно средство кое за себе ги врзува слободата на движење, одржливиот развој, ефикасноста, општествениот карактер и социјалната еднаквост.
Во рамките на првиот ден од „Европската недела на мобилност 2015“ денеска се одржаа презентации на Инвентарот на стакленички гасови за град Скопје; на меѓународниот проект на УНДП за урбана отпорност на катастрофи и последици од климатските промени во кој Градот Скопје е главен учесник; планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за агломерацијата Скопски регион и Интегрираниот катастар на загадувачи на град Скопје – два документи што се во изработка; воведувањето на системот за електронска наплата на билетите и автоматска локација на возилата во јавниот превоз; активностите на Цементарницата „Усје“ со кои ги поттикнува вработените барем еден ден во неделата на работа да доаѓаат со алтернативни видови превоз и други активности.
Градот Скопје го објави и конкурсот за избор на најстар велосипед што е во функција, најубаво украсен велосипед, најубав и најфункционален дизајн на паркинг за велосипеди, како и ликовен натпревар за ученици во средните училишта на тема „Возам велосипед, ја штитам озонската обвивка.“ /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.

