Македонија
Сончево и топло, во вечерните часови можен развој на локална нестабилност

Времето во сабота ќе биде сончево и топло, попладне ќе има развој на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Преку ноќта кон недела ќе се спушта постуден воздух од север и ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика нагло опаѓање на температурата за 7 до 10 степени.
Во првите денови од наредната недела ќе преовладува променливо облачно, ветровито и постудено време со повремени локални врнежи од дожд.
Утринските температури во сабота ќе се движат од 2 до 10 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 19 до 28 степени.
Во Скопје и околината слично време со минимална температура околу 8 и максимална околу 25 степени. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.