Регион
Државите наследнички на СФРЈ во вторник во Љубљана на конференција за сукцесијата

Во вторник во Љубљана ќе се одржи меѓународната конференција „Договорот за сукцесија на СФРЈ – 15 години подоцна“, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Парламентот на Република Словенија и високата претставничка за наследство на Република Словенија.
Во вторник во Љубљана ќе се одржи меѓународната конференција „Договорот за сукцесија на СФРЈ – 15 години подоцна“, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Парламентот на Република Словенија и високата претставничка за наследство на Република Словенија.
Државите наследнички на распаднатата СФРЈ: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Сојузна Република Југославија (денес Србија) на 29-ти јуни 2001-та година во виенската палата Хофбург го потпишаа Договорот за прашањата околу наследството на СФРЈ.
Политичкото значење на Договорот е неспорно, бидејќи го потврдува распаѓањето на СФРЈ и ја признава еднаквоста на петте држави наследнички. Договорот е единствен мултилатерален правен акт склучен помеѓу сите држави наследнички, кој ги уредува нерешените содржински и правни прашања поврзани со распадот на Југославија, а кои некои дури го именуваат и „мировен договор“.
Целосната имплементација на Договорот е темел за стабилни, долгорочни и пријателски односи меѓу државите наследнички.
На меѓународната конференција, словенечките и меѓународните стручњаци ќе расправаат за историските, правните и актуелните политички погледи на Договорот, неговото спроведување и реализираните резултати. Тие ќе ги претстават и своите погледи на десетгодишните преговори, кои се водеа до потпишувањето на Договорот, како и на петнаесетгодишниот период од потпишувањето до денес и на значењето на Договорот за иднината.
На конференцијата, на покана на словенечката висока претставничка за наследство Ана Полак Петрич, ќе учествуваат и високите претставници за наследство на Босна и Херцеговина, Мирсад Жуга, на Хрватска, Андреја Метелко-Згомбиќ, на Македонија, Елена Кузмановска и на Србија, Родољуб Етински.
Тие ќе се сретнат на билатерални состаноци на работ на меѓународната конференција и ќе расправаат за методите на работа и за координацијата на идните активности со цел да се забрза процесот на спроведување на одредбите од Договорот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.