Контакт

Економија

Сараќини: Успешна година во секторот за минерални суровини

Објавено пред

Министерот за економија Ваљон Сараќини во средата оцени дека секторот за минерални суровини имал успешна година, наведувајќи дека значително се зголеми бројот на концесии, отворени се нови работи места и остварен е завиден приход.

dobivaj vesti na viber

Сараќини оваа оценка ја изнесе на средбата со Македонската асоцијација на рударството (МАР), на која се дискутираше за остварените резултати во тековната година на полето на минералните суровини и очекувањата и планирањата за 2014 година во овој значаен индустриски сектор.„Имавме успешна година во секторот за минерални суровини, па во 2013 година се доделени 93 концесии за минерални суровини, што речиси е двојно повеќе од 2011 година, а отворени се 590 работни места, што е повторно безмалку двојно повеќе од минатата година, а само во првите 9 месеци од 2013 година имаме околу 600 милиони (денари) приход од концесискиот надомест, од кои општините добија околу 450 милиони, а во касата на државниот буџет се слеаја околу 130 милиони денари, изјави СараќиниТој информираше дека на  18 декември министерството определио уште 53 нови локации за истражување и експлоатација. Споредено со истиот период од минатата година во индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 6,7 отсто. Според министерот за економија, овој сектор континуирано има позитивна стапка на раст на производството, што го прави еден од водечките сектори од индустриското производство и со учеството од 1,5  отсто во бруто домашниот производ е од големо значење за македонската економија. „Сакам да потенцирам дека во 2014 година не’ очекуваат многу повеќе заеднички средби за да ги чуеме вашите сугестии и предлози за уште подобро функционирање и поуспешни резултати. Во финални преговори сме и со Државниот архив во Белград, од каде ќе се земе геолошката документација, со што значително ќе се зголеми бројот на потенцијални наоѓалишта“, информираше министерот.Тој додаде дека во Законот за минерални суровини ќе се предвиди и реномирани странски геолошки компании да можат да прават проспекциски геолошки истражувања, со што,ќе дојде до зголемување на  бројот на рудни наоѓалишта и до темелно истражување на рудното богатство. Сараќини истакна дека и во 2014 година ќе се продолжи со доделувањето на концесии за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини на транспарентен начин со електронска аукција, а ќе бидат изготвени и подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за минерални суровини. Уште една новина ќе биде донесувањето на Стратегијата за геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини, а ќе продолжиме со промоцијата на минералните ресурси со цел привлекување на инвестиции во деталните геолошки истражувања и експлоатацијата на минералните суровини.На средбата министерот Сараќини го резервираше последниот петок во месецот за отворените прашања и предвизвици со кои се соочуваат инвеститорите од овој значаен индустриски сектор.Николајчо Николов, истакна дека на седницата, покрај тоа што ќе се разгледа Законот за минералните суровини, акцент ќе се стави на мерките кои треба да се донесат за да се  подобрат условите за работа во секторот рударство, но и на тарифникот за наплата на концесискиот надоместок, со чие евентуално донесување  би се зголемила вредноста на надоместокот. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

За шест месеци наплатени 546,9 милиони денари од концесионерите на рудниците, 126 отсто повеќе од лани во истиот период

Објавено пред

Економската моќ на општините каде што работат рудниците расте. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во првата половина на 2025 година наплатило рекордни 546,9 милиони денари од концесионерите – дури 126% повеќе отколку во истиот период лани.

dobivaj vesti na viber

Главниот дел од овие пари завршува во општинските буџети. Според важечката законска рамка, 78% од концесискиот надоместок останува во општината каде што е концесијата, а остатокот од 22% оди во државниот буџет. Така локалните власти добиваат директна финансиска инјекција за патишта, здравство, образование и заштита на животната средина – токму во време кога јавните пари се најпотребни.

Зголемувањето на приливите произлегува од два клучни фактори: повисоките тарифи што ги плаќаат концесионерите и построгата контрола врз наплатата. Во почетокот на 2025 година МЕРМС усвои нов Тарифник, со кој надоместоците за експлоатација се зголемија и до 100%. На пример, концесискиот надомест за обоени метали скокна од 2% на 4% од вредноста на ископаниот минерал, а за мермерот на 5% од приходите.

Новите правила се задржани и во нацрт-законот за рударство, кој е на јавна расправа. Со него се воведуваат построги механизми за наплата, казнени камати, листи на стратешки и критични суровини, како и можност за раскин на концесијата при неплаќање. Се зајакнуваат и обврските за заштита на здравјето и биодиверзитетот. Целта е јасна, Македонија се стреми кон одржливо рударство со транспарентно работење и видлив придонес за економскиот раст, и строги правила за заштита на здравјето на луѓето и животната средина.

Во четири општини најголемиот работодавач се рудниците

Распределбата на парите од концесискиот надоместок веќе ја движи локалната економија – гради улици, реновира училишта, инвестира во јавна инфраструктура и еколошки проекти. Најдобар пример за тоа се три општини во Македонија каде рударството има клучно влијание на економскиот развој.

Општината Македонска Каменица, со помалку од 7.000 жители, директно зависи од рударството. Рудникот САСА е најголем работодавач во регионот со околу 770–790 вработени, што претставува повеќе од половина од активната работна сила во градот. Во 2024 година, приходите од концесиски надоместоци во општината достигнаа речиси 107 милиони денари (околу 1,8 милиони евра). Од нив, 106 милиони денари произлегуваат од надоместокот за експлоатација на минерални суровини, кој тогаш изнесуваше 2%. Со оглед дека од 2025 година овој процент се зголеми на 4%, општината може да очекува значителен раст на приходите и дополнителна финансиска стабилност за финансирање на локалната инфраструктура и јавни услуги.

Двете општини, Крива Паланка и Пробиштип, ги поврзува истиот концесионер – компанијата Булмак, која управува со рудниците Тораница и Злетово. Компанијата во рудниците двата рудника вработува над 800 лица, што ја прави најголем работодавач во регионот.

 

Со околу 18.000 жители, Крива Паланка е дом на рудникот Тораница, со годишен капацитет од 320.000 тони. Рудникот е еден од најстабилните извори на приходи и работни места во регионот. Во 2024 година, општинската каса инкасирала околу 40 милиони денари по основ на концесиски надоместоци. Од нив, 32 милиони денари (околу 520 илјади евра) се само од експлоатација на минерални суровини. Со зголемувањето на тарифите во 2025 година, се очекува приходите да бидат речиси двојно повисоки.

Традиционално рударски град со околу 13.000 жители, Пробиштип речиси целосно зависи од рударството. Во 2024 година, општината наплатила 23,7 милиони денари (околу 390 илјади евра) од концесиски надоместоци.

Бучим од Радовиш пак, веќе најави дека очекува кон општините Радовиш, Конче и Штип каде работат рудниците Бучим и Боров Дол, да исплати концесиски надоместоци во висина од 181.7 милиони денари или речиси 3 милиони евра.

Финскиот баланс – рударство и туризам заедно

Финското искуство покажува дека рударството и туризмот не мора секогаш да бидат во судир. Во општината Киттила во Лапонија, во Финска, каде што е најголемиот ски-центар Леви, веќе повеќе од една деценија функционира и златниот рудник Сурикусусико. Рудникот обезбедува стотици постојани работни места и стабилна економска база за локалното население, додека туризмот продолжува да биде двигател на сезонските приходи. Општината инвестира во инфраструктура што служи и за туристите и за рударските семејства, а рударската компанија одржува постојан дијалог со локалните жители и дури нуди туристички тури во рудникот. Пример кој покажува дека со строга еколошка регулатива, транспарентна комуникација и активна улога на општините, рударството може да стане партнер, а не закана за туризмот. Пример кој и Македонија може да го земе како модел.

Што ако ги снема рудниците?

Економските показатели и историјата покажуваат дека рударството е една од најстарите и најважни индустрии која обезбедува суровини за градежништво, енергетика, технологија, здравството и за комуникациите. Денес минералите се сметаат и за стратегиско оружје за развој. ЕУ веќе ги вклучи оловото, цинкот и ретките метали во листата на критични суровини. Македонија, со своите ресурси и растечка регулатива за одговорно рударство, има потенцијал да биде стратешки партнер во европската приказна за суровинска безбедност.

Прикажи повеќе...

Економија

УЈП ја унапредува соработката со даночните обврзници-воведени нови дигитални услуги

Објавено пред

Управата за јавни приходи, како што е соопштено, континуирано ја унапредува соработката со даночните обврзници и инвестира во современи услуги што се брзи, сигурни и достапни без физичко присуство.

dobivaj vesti na viber

Во февруари годинава, УЈП ја воведе новата дигитална услуга „е-Уверение за остварен доход“, која им овозможува на граѓаните целосно електронски, бесконтактно и преку сигурна постапка да го добијат овој документ. Од нејзиното воведување досега, за само неколку месеци, се издадени 5.688 уверенија, со што е заштедено значително време како за граѓаните, така и за службениците на УЈП, а работата се одвива според најсовремени дигитални стандарди. Покрај тоа, значително е модернизирана и услугата за издавање на „Уверение за состојба на даноци“. Со автоматизација на внатрешните процеси, во изминатите три месеци сите поднесени барања навремено се обработуваат и уверенијата се издаваат во рок од најмногу пет календарски дена, што претставува значително подобрување во споредба со претходниот период. Тоа значи дека 100% од уверенијата се издадени во законски предвидениот рок, се истакнува во информацијата од УЈП.

Во следната фаза, како што е најавено, оваа услуга ќе биде целосно дигитална и бесконтактна, овозможувајќи уште поедноставен, побрз и поефикасен пристап за граѓаните и компаниите. „Нашата цел е јасна – даночните услуги да бидат со висок стандард, брзи, едноставни и доверливи. Сакаме граѓаните и компаниите да добиваат квалитетна услуга со само неколку клика, без непотребни процедури и без губење време. Долгорочната и стратешка определба за трансформација на УЈП е создавање „нов лик“ и „нов амбиент“ – како за даночните обврзници, така и за даночните службеници и соработниците на даночната администрација. Овие резултати покажуваат дека сме на вистинскиот пат“, изјави директорката на УЈП.

Прикажи повеќе...

Економија

Секој почеток е полесен кога е како на вода – Back to School без финансиски стрес!

Објавено пред

Септември е на прагот со нови возбудливи моменти за децата, но и со нови финансиски предизвици за родителите. Купување книги, ранци, тетратки, прибор за цртање, спортска опрема или нов компјутер – списокот е долг, а трошоците знаат да бидат големи токму во период кога семејниот буџет е најоптоварен.

dobivaj vesti na viber

Како што традиционално се фрла чаша вода за среќа и успешен почеток, така и ние во Mint Credit сакаме да бидеме вашиот добар знак за лесен и безгрижен старт на учебната година. Со Mint Credit добивате aванс до плата – 20.000 МКД со 0% камата и без дополнителни трошоци*.

 

Колку земаш – толку враќаш!

Со Mint Credit, овој септември училишните подготовки стануваат полесни од кога било. Со понудата аванс до плата добивате финансиска поддршка кога ви е најпотребна, а враќате точно онолку колку што позајмивте.

Она што е најважно е што средствата може да ги искористите каде и да сакате:

· Во книжара за книги, прибор и училишен материјал,

· За нова чанта, патики или спортска опрема,

· За таблет или лаптоп кој ќе им помогне на децата во учењето

· Или за било која друга потреба поврзана со стартот на учебната година. Аплицирањето е брзо и лесно преку Mint App – со само неколку клика го добивате потребниот износ директно на вашата сметка. Нема редици, нема чекање, сè завршувате од удобноста на вашиот дом.

Ние веруваме дека секое дете заслужува да тргне во новата учебна година подготвено, со самодоверба, насмевка и чаша вода по нив за успешен почеток. А вие заслужувате да уживате во тие моменти, наместо да се грижите за финансии.

🎒 Со Mint Credit, овој септември вашето семејство ќе биде подготвено за нови успеси – лесно, сигурно и без финансиски стрес.

💡 За повеќе информации, посетете ја нашата веб-страница, контактирајте нѐ на 15 107, или во некоја од нашите филијали. Ние сме тука за вас!

*Оваа понуда важи за првиот земен кредит од ваков тип.

 

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Мицкоски до Филипче: Време е да бидат конструктивна опозиција, растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на Владата на СДСМ

„Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум...

Македонија40 минути

Османи: Албанците никогаш нема да прифатат некој друг да одлучува во нивно име

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на последните изјави на премиерот Мицкоски, кој најави...

Македонија2 часа

Арсовска: „Такво време дојде, ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на...

Македонија4 часа

ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна...

Свет5 часа

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“,...

Топ5 часа

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија6 часа

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет6 часа

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија18 часа

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија20 часа

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија24 часа

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија1 ден

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ1 ден

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија1 ден

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ1 ден

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија1 ден

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет1 ден

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија1 ден

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет1 ден

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...