Култура
Несреќа во Словачка – 13 загинати

Најмалку 13 лицазагинаа, а над 20 се повредени, во судир меѓу воз и автобус, во близина на местотоБрезно во централна Словачка.
Најмалку 13 лицазагинаа, а над 20 се повредени, во судир меѓу воз и автобус, во близина на местотоБрезно во централна Словачка.
Не е исклучено бројот на настрадани да биде поголем.
Автобус со 36патници, кои патувале на скијање, влегол на помал железнички премин со сигналнопредупредување но без рампа, во моментот кога се приближувал воз.
Официјално,засега, се споменуваат четворица загинати.
“Не е исклученопод остатоците од автобусот да се најдат уште жртви. Се чека на железничкатадигалка да го подигне возот што лежи на автобусот“, изјавиле претставници налокалната пожарна.
Ова е една однајголемите несреќи од ваков тип во Словачка.
/крај/ме/ис
Copyright
2009
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
На 21 јуни во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“

Во рамките на манифестацијата Скопско лето 2025 на 21 јуни во Музејот на град Скопје во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“ од нашиот реномиран уметник Томе Аџиевски.
Трагајки по топосите на источноевропската авангарда авторот се потсетува на филмот Сталкер од режисерот Андреј Тарковски. Во „забранетата зона“ од филмот тој препознава многу сличност со „менталната зона“ денес во Македонија.
Уметникот ќе раскаже 5 визуелни приказни за первертираната перцепција кон вистината што перманентно ни се случува од бившата држава па се до денес.
Публиката ќе биде вовлечена во „Зона фобија“рушевина од старата железничка станица сместена меѓу модерни облакодери.Утопија среде анти утопија,вистинска метафора за нашиот постземјотресен менталитет.
На изложбата симболично ќе бидат раздавани каталози од разни изложби на авторот по симболична цена,а собраните сретстве ќе бидат донирани на здружението за заштита на животноте „Anima Mundi“.
Култура
МНТ гостува во Струга со претставата „Торонто експрес“

Македонскиот народен театар ќе гостува во Струга со претставата „Торонто експрес“, која ќе се изведе на 18 јуни (среда), со почеток во 20:00 часот, на летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.
Ова сценско дело е работено по мотиви од збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов Ѕоф. Режијата е на Јордан Симонов, а адаптацијата на текстот е заедничко дело на Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов.
Во централната улога настапува актерот Александар Микиќ, кој на свој препознатлив начин ќе го оживее светот на авторот, полн со хумор, апсурд и животни контрасти.
Настанот е дел од програмата на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.
Култура
Љутков од Битола: Почнаа реконструкцијата и адаптацијата на поранешното кино „Партизан“, капитален проект вреден 96 милиони денари

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Тони Коњановски, денеска во Битола присуствуваше на отпочнување на реализација на капиталниот проект за реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан.
Љутков истакна дека проектот, вреден 96 милиони денари, претставува прв сериозен чекор кон новата културна иднина на градот.
„Како што ветив и при мојата неодамнешна посета, денес, во Битоа започнуваме со реализација на капиталниот проект за реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан вреден 96 милиони денари. Изведувач е битолската компанија „БВ Инженеринг ДООЕЛ“, а надзор врши „ЗИМ“ од Скопје. Реализацијата на проектот е предвидена до крајот на 2026 година“, рече министерот Љутков.
Министерот Љутков истакна дека затекнал нереализирани и закочени проекти, поради што Министерството посветено и системски работело на на откочување на наследените проекти, на нивна правна и финансиска консолидација и, пред сè, на создавање реални услови за нивна вистинска реализација.
„Во изминатиот период посветено, одговорно, фокусирано и системски работевме на откочување на наследените проекти, на нивна правна и финансиска консолидација и, пред сè, на создавање реални услови за нивна вистинска реализација. Затоа ова не е обичен проект. Ова е доказ дека кога има волја – има резултати“, рече Љутков.