Култура
„Интермецо“ на Сашо Тасевски со праизведба во Драмски

Претставата „Интермецо“ работена според драмскиот текст на Сашо Тасевски, во режија на Роберт Вељановски премиерно ќе биде изведена во среда, 20 јануари, на малата сцена во Драмски. Премиерата на претставата се поклопува со реизданието на збирката драми „Шмизла“ на Тасевски, во издание на „Матица“
Играат Сашо Тасевски и Рубенс Муратовски. Сценографијата и костимите се на Тихомир Спировски, а музиката на Горан Трајковски.Станува збор за приватен проект на Тасевски, поддржан од Драмскиот театар како негова матична куќа. Она на што се фокусира оваа дуо-драма е отуѓувањето на човекот, неговата осаменост во 21 век како век на парадоски и комплетна завсност од технологијата и новите медиуми на комуникација. Двата лика, Џиџи и Мртва, доживуваат катаклизма, вториот библиски потоп и се ставени во ситуација да ја преиспитаат сопствената егзистенција. „Овој текст и оваа претстава ги доживувам како една самоиницијација, поминување на еден пат од неавтентична во автентична состојба, од профано во свето“, изјави авторот Тасевски.Екипата на претставата смета дека овој текст и оваа изведба се комплетен одраз на настаните кои се случуваат во светот, постојаниот страв и неизвесноста за крајот на човештвото.„Интермецо“ е втора соработка на дуото Сашо и Рубенс. Заедно работеа и на претставата „Ескуриал“ по текст на Мишел де Гелдерот, во режија на Ристе Алексовски, продукција на Градскиот театар – Скопје. Премиерата на оваа претстава се случи во рамки на минатогодишното издание на „Млад отворен театар“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.
„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.
Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.
Култура
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.
Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?
И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?
Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.
Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?
Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.
Култура
Ал Пачино се плаши да го гледа култниот филм од 70-тите

Ал Пачино со децении ја изненадува публиката – не само со неговите прекрасни улоги, туку и со неговите лични преференци и необични изјави.
Иако неговото место меѓу актерските легенди е несомнено, Пачино сепак успева да ги збуни и насмее луѓето со неговото признание дека не ги гледал некои од најважните филмови на сите времиња – дури ни оние што ги направиле неговите поранешни соработници.
Еден таков случај го вклучува режисерот Вилијам Фридкин, човек чии филмови го одбележаа американскиот Нов бран, но и ги поместија границите на она што публиката може да го толерира.
Фридкин е познат по шокантните теми и бескомпромисниот стил на работа, а неговиот филм „Крстарење“ од 1980 година, со Пачино во главната улога, е запаметен по контроверзниот заплет и непријатната атмосфера.
Но, и покрај нивната професионална соработка, Пачино со години избегнуваше да го гледа еден од најпознатите филмови на Фридкин – од страв.
Филмот, кој ја шокираше публиката ширум светот и ја налути црквата, беше познат по долгите редици надвор од кината, луѓето што ги напуштаа кината поради гадење и шокантните приказни од сетот.
„Никогаш не сум го гледал „Егзорцист“.
Иако многу ја ценел работата на Фридкин, Пачино немал храброст да го гледа филмот кој се смета за еден од најстрашните на сите времиња.
Иако не се плаши да ги преземе најпребирливите улоги на екранот, овој филм го избегнува со децении. Но, со оглед на тоа колку длабоко тој филм влијаеше на културата и публиката ширум светот, можеби е само прашање на време кога Пачино конечно ќе одлучи да го види.