Контакт

Региони

Албански државјани наскоро ќе се лекуваат во Дебарската општа болница

Објавено пред

Министерствата за Здравство на Македонија и Албанија имаат Спогодба  за соработка за лекување на албанските државјани на  Болницата за Неврологија во Струга , но наскоро таа соработка ќе биде и за Дебарската општа Болница.

dobivaj vesti na viber

Оваа го изјави во Дебар државниот секретар во Министерството за здравство во Владата на Македонија Насуф  Ипчја. Тој на средбата со дебарскиот градоначалник  Ружди Лата нагласи дека двете министерства веќе разговараат за проширување на соработката и користење на здравствените услуги од страна на албанските државјани и во општата болница во Дебар.  Градоначалникот на Дебар Лата истакна дека голем е бројот на албански  државјани кои се лекуваат и имаат потреба да се лекуваат во Дебар.Државниот секретар за здравство Ипчја нагласи дека Министерството ќе даде целосна поддршка за непречено работење на болницата во Дебар, како и поддршка во подобрувањето на лекарскиот кадар. Договорено е зголемување на соработката на дебарската болница со болниците на Тетово, Струга, Скопје и други болници во земјава. Притоа е нагласена потребата повеќе завршени матуранти за студираат медицина, бидејќи е потребен здравствен кадар во Дебар. /крај/мн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија5 часа

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија7 часа

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...

Македонија8 часа

Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР. Во присуство на јавен обвинител...

Македонија8 часа

Општина Крива Паланка до граѓаните: Излезете и помогнете, состојбата со пожарите е сериозна

Крива Паланка попладнево е зафатена од голем пожар. Од општината информираат дека огнот претставува сериозна закана за домовите, шумите и...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски за извештајот во ЕП: Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот

Ова е уште една неправда врз Македонија – не се работи за Бугарите во Уставот, туку за идентитетот и јазикот,...

Македонија10 часа

(Видео) Целосно прекинат сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат...

Македонија11 часа

(Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција

Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка,...

Македонија11 часа

На територијата на Македонија активни 10 пожари

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на целата држава имало 14 активни...

Македонија13 часа

Повредено лице во пожарот во Шуто Оризари, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила, кои горат во отпад за железо

Едно лице утрово е повредено при гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, од кој се креваат облаци густ црн чад....

Македонија14 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран

Во утринската акција за гаснење на пожарот во Дојран беше активиран хеликоптерот „агуста бел 212“, со кој во повеќе налети...

Регион16 часа

Вајц: Мора да се бориме против српското влијание во Северна Македонија

Во Северна Македонија гледаме многу странско влијание. Мора да се бориме против него, без разлика дали е српско, кинеско или...

Македонија16 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Чучер-Сандево е целосно изгаснат, денеска фокусот ќе биде гасењето на пожарот во Дојранско

Рано утрово пожарот кој три дена гореше во атарот на општина Чучер-Сандево е целосно изгаснат. Сè уште се гледа чадење...

Свет17 часа

(Видео) Пентагон ги запре испораките на оружје за Украина, Трамп не знаеше: „Беше затекнат“

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, минатата недела не ја известил Белата куќа дека планира да ги запре испораките...

Свет18 часа

(Видео) Трамп на тајна снимка: Му реков на Путин дека ќе ја бомбардирам Москва ако ја нападне Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите собрани на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на...

Свет18 часа

Министерот на Трамп: Собравме 100 милијарди долари од царини

Министерот за финансии, Скот Бесент, изјави дека САД досега собрале околу 100 милијарди долари приходи од царини оваа година, а...

Свет18 часа

Француски разузнавач: Никој не можеше да направи совршена процена на ситуацијата во Иран

Состојбата на иранската програма по израелските и американските напади во јуни беше предмет на бројни прашања, а шефот на француската...

Македонија19 часа

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница...

Македонија19 часа

Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за повремен дожд

Сончево со мала до умерена облачноста. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до...

Македонија1 ден

Во државата се регистрирани 23 пожари, 11 се активни, еден е под контрола, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 19 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 23 пожари на...