Контакт

Економија

Кому ќе припадне Нобеловата награда за економија

Објавено пред

Добитникот на Нобеловата награда за економија во 2012 година, ќе биде објавен во понеделник во Стокхолм на Кралската шведска академија на науките, објави интернет страницата на Нобеловата фондација.

dobivaj vesti na viber

Наградата за економија не била спомената во тестаментот на Алфред Нобел, таа е основана многу подоцна, во 1968 година од страна на шведската национална банка по повод 300-годишнината од нејзиното основање. Поради тоа, секоја година банката му доделува на добитникот износ еднаков со оној што се доделува на добитниците на Нобеловата награда во другите дисциплини. Износот на секој од добитниците на Нобеловата награда изнесува 8 милиони шведски круни, односно 1,2 милиони американски долари.

Во тоа се состои разликата меѓу признанието за достигнувањата во економијата и директните Нобелови награди, кои се доделуваат за откритија во физиологијата или медицината, физиката, хемијата, за литература и за мир, и со неа завршува објавувањето на добитниците на ова престижно признание секоја година.

Сите награди ќе бидат доделени во шведската и во норвешката престолнина, односно во Стокхолм и во Осло на 10-ти декември, на денот кога починал Алфред Нобел, шведскиот претприемал, пронајдувачот, индустријалец, лингвист, филозоф и хуманист кој живеел од 1833 до 1896 година.

Листа на кандидати за наградата е тајна и според правилата на Нобеловата фондација, ќе бидат јавно објавени дури по 50 години.

Оттаму, многу од имињата на кандидатите за наградата, кои се споменуваат во медиумите пред нејзиното доделување, всушност се само нагаѓања и претпоставки на новинарите или експертите.

Шведскиот весник за деловни луѓе Dagens industry, пишувајќи за годинешното доделување на Нобеловата награда за економија, за фаворит го смета американски професор Роберт Шилер од Универзитетот Јеил.

Шведскиот професор на Меѓународната школа за економија во Јончепинг, како и на Универзитетот во Калмар, Хуберт Фромелт, кој секоја година на својот блог прави селекција и прогноза на можните кандидати и добитници на наградата и честопати е цитиран од шведските медиуми, годинава забележува дека според него како „силни“ кандидати се јавуваат 40 имиња.

Фромлет не исклучува дека темите на кои може посебно да обрати внимание комитетот за доделување на наградата ќе бидат теориите на растот и развојот, истражувањата кои се однесуваат на бизнис циклусите и приватната потрошувачка, како и анализите и теориите од интердисциплинарен карактер.

Меѓу фаворитите на шведскиот научник доминиранаат американските истражувачи, и тоа професор на Универзитетот Стенфорд – Пол Ромер; Роберт Баро од Универзитетот Харвард, од областа на теоријата на економскиот раст, човечкиот капитал и монетарно-кредитните политики; експертот за меѓународна трговија и раст – Елханан Хилпман од Харвард и Џин Гросман од Универзитетот Принстон; Џери Хаусман и Ларс Петер Хансен, кои се занимаваат со истражувања во областа на економските статистики; Кевин Марфи од Универзитетот во Чикаго; Роберт Хол од Универзитетот Стенфорд; Оливер Харт – уште еден економски научник од Универзитетот Харвард кој се занимава со теоријата на договорите; професорот од Масачусетскиот технолошки институт или славниот МИТ, Бенгт Холмстрем кој ја проучува теоријата на фирмите; Авинаш Диксит од Принстон Универзитетот кој ја разработува индустриската организација, и Роберт Шилер од Универзитетот Јеил.

За можен добитник на признанието Фромелт ги смета и францускиот економист, специјалист во областа на теоријата на игрите и на финансиските пазари – Жан Тирол, како и Енгас Дитон и Даглас Дајмонд од Универзитетот во Чикаго.

Според предвидувањата на Thomson Reuters, операторот на еден од најпознатите показатели на цитати Web of Science, наградата може да ја добие Американецот Стивен Рос за теоријатата од областа на финансиите. Додека Британецот Ентони Еткинсон и неговиот американски колега Енгас Дитон за емпириските истражувања од областа на доходот, заштедата, потрошувачката, сиромаштијата, здравјето и благосостојбата.

Уште еден фаворит на Thomson Reuters е американскиот научник Роберт Шилер, кој се смета за еден од лидерите во областа на финансиската теорија и бихејвиористичката економија.

Изминатата 2011 година, наградата за економија беше доделена на американските научници Томас Сарџент и Кристофер Симс за емпириското истражување на причините и очекувањата во макроекономијата.

Од 1969 година, награда за економија ја добиле вкупно 43 научници./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Инвертер-клими за ранливите семејства – Министерството за енергетика објави оглас

Објавено пред

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави мерка која ги таргетира ранливите категории население.

dobivaj vesti na viber

Преку јавен оглас, што стапи во сила, Министерството, како што информираат од таму, почнува со распределба на енергетски ефикасни инвертер клима-уреди за 2025 година, со што ќе се подобри квалитетот на живеење и ќе се намалат трошоците за енергија во илјадници македонски домови.

„Мерката се реализира во согласност со Програмата за изменување и дополнување на Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2025 година (‘Службен весник на РСМ’ бр. 161/25). Во согласност со јавниот оглас за поддршка на домаќинства што спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, со цел унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење, домаќинствата што ги исполнуваат условите ќе стекнат право на купен и вграден инвертер клима-уред со моќност од 3,5 kW и енергетска класа од најмалку А+. Овие уреди не само што штедат електрична енергија туку обезбедуваат и висока ефикасност за греење и ладење – токму онаму каде што е најпотребно“.

Како што појаснуваат, рокот за пријавување е 60 дена од денот на објавувањето на огласот во дневен весник.

Повеќе информации, како и потребните обрасци за пријавување, се објавени на веб-страницата на Министерството: www.energy.gov.mk.

Прикажи повеќе...

Економија

Народната банка со нова иницијатива: проширување на услугите што ќе може да се користат преку платежната сметка со основни функции

Објавено пред

Гувернерот Трајко Славески истакна дека иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги веќе ги даде првите резултати и изрази задоволство од одлуките на банките за намалување на трошоците.

dobivaj vesti na viber

Славески, на денешната конференција за печатот, најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива и за измени на сегашното законско решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки. Со измените на Законот за платежни услуги и платни системи, се предлага отстранување на дел од постојните ограничувања и значително проширување на услугите што граѓаните ќе можат да ги користат преку платежната сметка со основни функции.

Најзначајните новини се: можност за дозволено пречекорување, можност да се поседува платежна сметка со основни функции дури и ако потрошувачот има други сметки, како и проширен сет бесплатни или евтини услуги, којшто покрај интерните, ќе ги вклучи и меѓубанкарските електронски трансфери, издавањето дебитна картичка и до четири подигнувања готовина месечно од банкоматите на други банки во износ до 2.000 денари по трансакција. Во овој сет влегуваат и други услуги коишто и досега можеа да ги користат граѓаните, односно уплатите и подигнувањата готовина на банкоматите и шалтерите на банката, користењето на електронското и мобилното банкарство, како и плаќањата со платежна картичка на физичките продажни места и во интернет-трговијата.

„Предлагаме цената на услугите коишто ќе може да се користат преку платежната сметка со основни функции да биде поврзана со износот на минималната бруто-плата во земјава и да биде утврдена најмногу на 0,1% од неа, па согласно важечката минимална бруто-плата за 2025 година, таа би изнесувала 36 денари на месечно ниво. За граѓаните коишто ѝ припаѓаат на групата законски корисници на права, односно т.н. ранливи категории граѓани, овие услуги ќе бидат целосно бесплатни“, истакна Славески.

Народната банка ќе работи со банките и на воспоставување национална мрежа на банкомати за подобар пристап до готовина низ целата земја. Оваа идеја би се остварила најдоцна до крајот на наредната 2026 година.

Покрај ова, Народната банка ќе предложи и приспособен пакет за микротрговци – најчесто семејни бизниси коишто имаат ограничени ресурси, со цел да се поттикне финансиската вклученост и дигитализацијата на плаќањата. Се очекува дека поповолните услови за користење на платежните услуги ќе бидат достапни за граѓаните и за микротрговците по донесувањето на законските измени, односно дека ќе бидат во примена од почетокот на 2026 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Затворени четири субјекти: триесет отсто од контролираните се со неправилности за фискализација, објави УЈП

Објавено пред

Во периодот од 28 јули до 3 август 2025 година Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 214 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе-барови, шанкови на плажа, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, хотел, автопревозници, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало.

dobivaj vesti na viber

Контролите беа реализирани во државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места, каде што во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од 214 контролирани субјекти, кај 30,8 %, односно кај 66 од контролираните се утврдени неправилности во согласност со Законот за регистрирање на готовинскиот промет.

За утврдените неправилности донесени се 66 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени во согласност со големината на субјектот.

За четири, односно три субјекти од Охрид и еден од Струга, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).

„Анализата на спроведените контроли и утврдените неправилности по градови е следна: • Во Скопје извршени се 14 контроли и при истите утврдени се 4 неправилности; • Во Струга, Охрид и Битола извршени се 126 контроли, а утврдени се 29 неправилности од кои 11 неправилности во Струга и 18 во Охрид • Во Прилеп извршени се 7 контроли, a утврдени се 3 неправилности; • Во Тетово, Гостивар извршени се 32 контроли, а утврдени се 14 неправилности од кој 13 во Тетово и една во Гостивар • Во Штип, Неготино, Демир Капија, Кавадарци Велес и Куманово извршени се 35 контроли, а утврдени се 16 неправилности, по една неправилност во Неготино и Кавадарци, 2 во Демир Капија, 3 во Штип, 4 во Велес и 5 неправилности во Куманово“.

УЈП апелира до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата.

„Управата за јавни приходи врз основа на извршените контроли согласно Закон за регистрирање на готовински плаќања, ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници. Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска – туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување, како...

Македонија2 часа

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100. седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10...

Топ2 часа

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски...

Македонија3 часа

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија4 часа

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија4 часа

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија6 часа

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет7 часа

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...

Свет7 часа

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет7 часа

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние што сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет9 часа

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија17 часа

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија18 часа

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ19 часа

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија20 часа

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ22 часа

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија1 ден

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија1 ден

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија1 ден

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....