Скопје
Груевски: Низ Скопје се градат проекти вредни 27 милиони евра

Инвестицијата вредна три милиони евра, ќе го реши проблемот со водата за пиење на околу 40 илјади жители во општината Шуто Оризари, рече во недела премиерот Никола Груевски, при посетата на оваа скопска општина.
Тој додаде дека во Скопје во моментот се градат проекти кои се започнати или објавени во вредност од околу 27 милиони евра.
„Изградабата на водоводот го почнавме со месец јуни и оди со одлична динамика, според планот. Во моментот се работи на изградба на резервоарот и на препумпната станица. Така што, некаде во третиот квартал следната година, односно втората половина на следната година треба да биде целосно завршен и жителите на ова населено место да добијат вода во своите домови од овој нов систем и да престанат проблемите на жителите на Шуто Оризари, кои се поврзуваат со недостаток на вода особено во летните периоди“, рече премиерот Никола Груевски, по започнувањето со градба на спортската сала во општината Шуто Оризари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.