Контакт

Забава

Дански лекар ја поправа историјата околу смртта на Наполеон

Објавено пред

Наполеон е отруен? Починал од рак? Арне Соеренсен (60) дански лекар во пензија постојано прегледува неколку илјади белешки кои ги напишал изминатите

dobivaj vesti na viber

Наполеон е отруен? Починал од рак? Арне Соеренсен (60) дански лекар во пензија постојано прегледува неколку илјади белешки кои ги напишал изминатите 50 години за поранешниот цар, а дијагнозата е: смрт поради бубрег.

Седејќи во библиотека со над 500 книги за Наполеон Први, Соеренсен, специјалист по нефрологија, големо име во светот на дијализата во Европа, тврди дека ги пронашол причините за смртта на поранешниот император и на тој начин ја „поправи“ историјата.

Во книгата „Бубрезите на Наполеон“ објавена во мај, тој го отфрла митот околу неговата смрт, утврдувајќи дека починал во 51 година од животот од бубрежна интоксикација, а не од труење со арсен или од рак на желудникот.

„Не сум историчар туку лекар, вљубеник во историјата и ја проучував здравствената состојба на Наполеон од детството до смртта“, изјави Соеренсен, кој 28 години работел како главен лекар во една болница на северот од Данска.

Тој, од завршувањето на студиите до пред неколку години купил или позајмил речиси две илјади дела за Наполеон, минувајќи просечно три до четири часа дневно во проучување на неговиот живот./крај/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Модни киксови на Мет Галата – од мрежа за комарци на главата до фустан балон

Објавено пред

Мет Галата долго ќе се памти по најдобрите изданија од црвениот тепих од синоќешната церемонија во музејот Метрополитен во Њујорк, но и модните грешки. Не е тешко да се згреши на модниот настан на годината, критериумите се високи, а модните предизвици во форма на темата на настанот и кодексот на облекување честопати се премногу напорни.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, модната ревија е под лупа и од љубители на модата и разни критичари, а конкуренцијата е исклучително силна.

Амелија Греј Хамлин, која со фустанот балон, влезе во листата на модни неуспеси на Мет Гала 2024 година. Сара Џесика Паркер носеше сличен крој на Мет Гала и доби главно позитивни критики.

Пејачката Лана Дел Реј, се појави во необично модно издание кое се споредува со мрежа за комарци. Музичката ѕвезда со прекрасен глас се водеше од принципот на ексцентричност што го сака Мет Гала. Настанот бара и костими, па дури и малку бизарност, но сето тоа треба да биде дозирано.

Пејачката Дуа Липа се појави во костим како од Мулен Руж, а погледот одзади ја открива тангата.

Ниту на Кара Делевињ, чиј дел од аутфитот е направен од кристали, не и појде од рака, па влезе во листата на модните грешки.

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Украинската претставничка падна на евровизиската сцена: имаше голем пех пред полуфуналето

Објавено пред

Снимка од познатата украинска раперка ги обиколи социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Аљона Аљона и Џери Хејл, кои годинава ја претставуваат Украина на Евровизија, имаа лоша среќа на една од пробите. Додека Џери пееше, раперката Аљона Аљона почна да излегува на сцената за да си го одработи својот дел, а потоа се сопна и падна на бината.

Видеото се појави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Инаку, Украина има големи шанси да се пласира во финалето и важи за еден од главните фаворити за победа оваа година. Обложувалниците им предвидуваат трето место, но ситуацијата се менува од час во час. Сепак, пред тоа треба да го минат првото полуфинале кое се случува вечерва.

Вечерва покрај Украинките ќе настапат и претставници на Кипар, Литванија, Ирска, Полска, Хрватска, Исланд, Словенија, Финска, Молдавија, Азербејџан, Австралија и Луксембург.

Во четврток ќе настапат натпреварувачи од Малта, Албанија, Грција, Швајцарија, Чешка, Австрија, Данска, Ерменија, Латвија, Сан Марино, Грузија, Белгија, Естонија, Израел, Норвешка и Холандија.

Директни финалисти се Велика Британија, Италија, Германија, Франција, Шпанија и домаќинот Шведска.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) 22-годишна пејачка на Мет Гала дојде во необична креација: и беше потребна помош при движењето

Објавено пред

Јужноафриканската пејачка Тајла ги привлече сите погледи на овогодинешната Мет Гала во необична креација.

dobivaj vesti na viber

22-годишната девојка пристигна во фустан од Balmain прекриен со песок, во комбинација со чанта во форма на песочен часовник.

На Тајла ѝ била потребна помош при качување по скалите поради оваа креација, а подоцна пет мажи носеле дел од нејзиниот фустан кој се влечел по подот. На прашањето дали воопшто би можела да седне во овој фустан, пејачката кратко одговорила: „Кому му е гајле, луѓе, јас сум слатка“.

Официјалниот дрес код за настанот беше „градината на времето“, а Тајла претходно објасни за Vogue дека нејзиниот фустан е инспириран од „песокот на времето“. Креативниот директор на Balmain, Оливие Рустинг, изјави дека е воодушевен од идејата за оваа креација.

„Инспирацијата за оваа креација дојде од желбата да се редефинираат границите и да се трансформира ефемерниот материјал во безвременско ремек-дело. Идејата ја разгоре мојата имагинација и не можев да бидам посреќен со крајот“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет2 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија2 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија2 часа

Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија2 часа

Бојан Јовановски: Повикан сум на информативен разговор во полиција, ова е директен притисок и обид за цензура

Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода...

Македонија3 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија13 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија16 часа

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ18 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ18 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет18 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет1 ден

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија1 ден

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 ден

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет1 ден

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет1 ден

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...