Скопје
Жерновски го прими Евгениј Поп-Ацев, првиот Македонец што победи на Охридскиот пливачки маратон

Првиот Македонец, победник на Охридскиот пливачки маратон, Евгениј Поп-Ацев, во вторник беше примен од градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.
Градоначалникот на Центар најави дека Општината ќе ги покрие трошоците за следниот голем предизвик на Поп-Ацев, октомврискиот Светски Куп во Кина.
„Соработката и помошта ќе биде континуирана и ќе влезе во програмата на општината за 2016-та“, соопштуваат од општина Центар.
Дваесет ишестгодишпниот стоматолог по професија, Евгениј Поп-Ацев е прв на Гран При серијата на Светското првенство. На маратонот во Капри тој го освои второто место, а на светското првенство во пливање во Русија, беше 14-ти, што е најголем успех на Македонија досега.
Поп-Ацев плива од својата 9-та година, тренира напорно 10 до 11 пати/неделно, а на младите им порача повеќе да спортуваат, затоа што секој спорт е добар, а пливањето е еден од најдобрите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.