Култура
Нелко Нелковски на конгрес на Светскиот фестивал на аматерскиот театар во Монако

Претседателот на Театарска младина на Македонија (ТММ) Нелко Нелковски учествува на конгрес во рамките на 14. Светски Фестивал на аматерскиот театар „Mundial du theatre – Monaco 2009“, кој од денеска до 22 август се одржува во Грималди Форум, Монако.
Нелковски на форумите и средбите на конгресот ќе го презентира вкупниот аматерски театар од Република Македонија, како и програмите и проектите на Театарска младина на Македонија.Според Нелковски, ова ќе биде можност да се остварат значајни средби поврзани со учеството на аматерски театари и театарски групи од Македонија на фестивали во Европа и светот.Учесниците на фестивалот ги поздрави принцот Алберт од Монако, кој изрази благодарност до актерите и организаторите за нивната љубов кон театарот и за нивната енергија да ги постават овие претстави кои, како што рече, публиката со задоволство ќе ги проследи.„Јас сум посебно среќен да што можам да го видам 14-то издание на ‘Mundial du theatre’ – генијален избор од глобалниот аматерски театар – ова лето во нашиот Принципат. Негувајќи ја традицијата на овој настан, големо е задоволството на Принципатот да ги покани театарските групи од 24 земји од сите пет континенти кои ќе играат на своите национални јазици, споредувајќи ја својата пракса. Покрај различните разбирања на терминот „изведувачки уметности„ на секој од јазиците во светот“, истакна принцот Алберт.Театарска Младина на Македонија е полноправен член и национален центар на АИТА/ИАТА во Република Македонија веќе 10 години и во целиот овој период интезивно работи на афирмација и развој на аматерскиот театар во земјата и негово компетентно претставување во светот, а учеството на овој фестивал е уште една потврда за квалитетот и талентираноста на театарските аматери од Република Македонија и нивната интегрирарност со светските театарски текови.Од минатата година ТММ го започна долгорочниот проект ИНТЕРТЕАТАР како постојана програма за развој на театарот во Република Македонија и негово постојана афирмација во светот. Во рамките на овој проект, веќе една година функционира веб-порталот www.teatar.com.mk. Работата на ТММ е поддржана од Министерството за култура и од Градот Скопје, согласно годишните програми за финансирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.