Забава
Сончева супер бура и се заканува на Земјата

Најновото истражување покажува како во следните три години Земјата би можела да биде погодена од „сончева супербура“, која нашата цивилизација би ја
Најновото истражување покажува како во следните три години Земјата би можела да биде погодена од „сончева супербура“, која нашата цивилизација би ја вратило во темното доба.
По најспектакуларната аурора бореалис во последните 153 години светлата ќе се угаснат, и тоа не оние на небото, туку на Земјата. Поголемиот дел од планетата во утринските часови ќе остане без струја, а нешто пред полноќ ќе се угаснат и интернет и сите мобилни телефони. Веќе вториот ден целата цивилизација ќе биде во хаос. Се предвидува дека до крајот на 2013. година 100 000 Европејци ќе умрат од глад.
Предвидувањата одат до таму што опоравувањето од таа „криза“, за која сегашнава економска криза ќе изгледа како мало бебе, ќе трае 20 години.
Вакво црно сценарио за Земјата предвидува списанието New scientist и го смета за едно од најголемите закани за нашата генерација. Тоа се случувало и порано, а пресметано е дека може да се повторува секои 11 години.
Сончевите бури во нормални услови не предизвикуваат толкава загриженост. Набиените субатомски честички не ги загрижуваат луѓето, туку само астронаутите и сопствениците на сателити. Луѓето овие напади не ги чувствуваат бидејќи ги штити Земјиното магнетно поле.
Но секогаш кога Сонцето ќе исфрли голема количина енергија, таа се движи со брзина од повеќе милиони километри на час и тоа може да предизвика проблеми на Земјата.
Последниот таков „голем напад“ на Сонцето врз Земјата се случил на 1. септември 1859. година, кога поради силината на светлото испратено од Сонцето, можело да се чита весник на полноќ.
Во Калифорнија рударите се разбудиле порано поради светлото и тргнале на работа, иако било полноќ. Но штета, од тој „електричен шок“ во тоа време немало, бидејќи се функционирало врз основа на „железото и мускулите“.
Денеска, кога цивилизацијата функционира врз основа на супермрежите што се темелат на електрична енергија и комуникации, штетите ќе бидат несогледливи.
„Секоја година нашата човечка технологија станува сè поранлива“, напишал во своето излагање на Американската академија експертот за вселената Даниел Бејкер.
Проблемите ќе дојдат поради нашата зависност од електрична енергија и начинот на кој таа се пренесува. Таквата соларна супербура „ќе напумпа“ дополнителни милијарди гигавати во системот, а трансформаторите што високонапонската струја ја претвараат во домашна ќе се растопат.
Научниците ја предвидуваат оваа бура за 2012. година, бидејќи таа година, некаде во текот на летото или есента, се предвидува најголема активност на Сонцето.
Предвидувањата се дека најлесно ќе поминат најсиромашните делови на Земјата, бидејќи земјите од Третиот свет се најмалку зависни од модерната технологија.
Единствен начин да се спречи оваа катастрофа, е испраќање на повеќе сателити во вселената, кои ќе можат на време да упатат предупредувања за силината на сончевата бура. /крај/нс/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Крај на ретроградниот Меркур: Овие четири знаци во септември ќе блеснат

По неколкунеделна конфузија, недоразбирања и застои, ретроградниот Меркур конечно заврши. Според астролозите, ова ќе донесе олеснување за сите, но за четири хороскопски знаци септември ќе биде вистински процут
Девица – повторно ја враќа својата стабилност и јасност. Време е за ред, здрави рутини и завршување на заостанати проекти.
Близнаци – исчезнуваат недоразбирањата, а се враќа менталната енергија. Одличен период за комуникација, нови контакти и креативни проекти.
Јарец – со директниот Меркур доаѓа јасен фокус и нова одлучност. Идеите лесно ќе се претворат во конкретни чекори, особено во работа и финансии.
Стрелец – повторно добива енергија за планови, патувања и нови искуства. Времето на застој завршува, а пред нив се отвораат нови можности.
Астролозите велат дека ова е совршен момент за носење важни одлуки, обновување на односите и реализација на замисленото. „Маглата се крева и се отвораат врати за напредок и исполнување“, вели експертот за астрологија Џоан Џонс.
Забава
Преполн Паркот на Франкофонија синоќа за концертот „Нешто што ќе остане“

Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски, во своето обраќање пред присутните, истакна дека кога пред три години ја добил идејата за концертот „Нешто што ќе остане“, не можел да замисли дека ќе прерасне во толку голема традиција со ваков одѕив и поддршка, и од изведувачите и од граѓаните.
„Но ете, идејата прерасна во прекрасна традиција. Трета година по ред се собираме овде, во срцето на Скопје, под отворено небо, на концертот ‘Нешто што ќе остане’. Секоја година со нови изведувачи и нова енергија, но едно останува исто – македонската музика. Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка. Тие ја претставуваат Македонија гласно, гордо и со љубов. Уживајте во музиката на нашата и вашата младост, затоа што овие моменти остануваат трајно врежани во сеќавањата. Се гледаме и следната година на ‘Нешто што ќе остане’, затоа што Македонија има свој глас, своја песна, затоа што македонската песна е силата што нè обединува“, рече Герасимовски.
Музичкиот настан „Нешто што ќе остане“ е во организација на Општина Центар.
Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.