Контакт

Манифестации

Со ’Камера’ отворен фестивалот Бит Фест 2014

Објавено пред

Со мултимедијалниот проект „Камера“ беше отворено во Битола во петокот навечер деветтото издание на Бит Фест, манифестација којашто важи за „најдолгото културно лето“ во Македонија, со што беше направена вистинска корелација еѓу проектот „Битола Филмски град, Фестивалот „Браќа Манаки“ и браќата Манаки.

dobivaj vesti na viber

Раздвижувајќи ја Старата битолска чаршија на еден посебен начин режисерот Сашо Миленковски преку перформансот „Камера“ прави истражување на односот помеѓу реалноста и илузијата видено низ очите на кинематограферот. Браќата Манаки – првите кинематографери во овој дел на светот се почетоците на една голема епопеја на реструктуирање на реалноста во уметност.

Во претставата се користат текстови од нивни духовни наследници, кинематографи и теоретичари на филмот, но и текстови кои го опсервираат посебниот однос помеѓу реалноста и илузијата наречена – живот“. „Битола го има филмскиот град, го има Фестивалот Манаки, ја има првата камера на Балканот, го има најградскиот град, ја има Старата чаршија, сите тие елементи, вечерва во претставата ги гледаме низ очите на Браќата Манаки. На овие сокаци ни се помешаа мирисот, звукот и вкусот на Битола од почеток на дваесетти век. Вечерва гледаме една апотеоза на филмот, поврзување на целата филмска поетика – од Манаки до последните филмски изданија“, рече режисерот Миленковски.

Иван Јерчиќ и Борче Ѓаковски во мултимедијалниот проект ги играат ликовите на Јанаки и Милтон Манаки. Јанаки во „Камера“ зборува за верата или за некаква универзална телепатија преку која луѓето низ историјата го имаат истиот естетски концепт за природната средина. „Живееме меѓу два самрака: предвечерието на еден свет и зората на друг свет. Самракот е нејасен, сите насоки се збунувачки; само очи наострени од волјата за откривање на исконските и невидливи знаци на нештата и суштествата,  можат да го пронајдат патот низ магливата визија на анима мунди. Во секој случај, шестата уметност сама се наметнува на немирниот и критички дух, вели тој во дел од својата реплика. Додавјќи го сознанието од тибетските будистички учења стигнува до констатацијата за перцепциите: Имињата и значењата на нашите перцепции ги учиме од останатите луѓе. Тие не учат уште од најмали. Со други зборови, се што добиваме е од втора или трета рака, и кога ги перципираме работите, го употребуваме паметењето и ги применуваме имињата кои сме ги добиле. Затоа,Милтон нé води до реалноста преку Филип К Дик: „Реалноста е она што, кога ќе престанеме да веруваме во него, не исчезнува“.

Низ монтажа на филмски сценски кадри се доловува моќта на филмот, неговото влијание врз свеста и самосвеста. „Внатрешниот процес на себепромислувањето се префрла кон надвор. Нивното самонабљудување е механички зачувано сè до последната минута од нивните животи. Филмот за самоконтрола што оттука натаму свеста го одвиткува внатре во нивните глави, се префрла на држачот за филм на камерата, и свеста, која претходно се огледува исклучиво и само за себе, ја пренесува оваа функција на машината, која ја зачувува таа слика во огледало за и другите да можат да ја видат. На овој начин, субјективниот менталитет се претвора во социјален“, смета авторот на проектот. Најпосле „Камера“ не е проект кој може едноставно да се репродуцира, тоа е перформанс кој единствено може да се доживее и ненаметливо да насочи кон едно посебно видување на животот низ објективот на филмската камера.Во мултимедијалниот проект „Камера“ играат Иван Јерчиќ, Борче Ѓаковски, КУД Илинден, а сценариото и режијата се на Сашо Миленковски, Јован Ристовски и Александар Црвенковски.Бит Фест 2014 го отвори покровителот на фестивалот со најголем број содржини, битолскиот градоначалник Владимир Талески кој притоа истакна дека „од вечерва до 29-ти август ќе имаме вкупно 165 содржини, односно 270 настани“, кои биле селектирани од вкупно пристигнатите 320 апликации, за да се задоволат критериумите на Бит Фест и концепт да одговори на сите вкусови и генерации.„Сите содржини мора да го имаат мирисот, вкусот, аромата на македонската култура. Фаворизираме македонски уметници и поддршка на се она што значи големо историско богатство и традиција. Не случајно се одлучивме вечерва за еден таков перформанс – мултимедијален спектакл со кој го отвораме Бит Фест оваа година. Се работи за два света кои се наоѓаат на едно место, а каде ако не во магичната Битола. Реалноста и илузијата. Асоцијацијата се разбира не води точно кај Браќата Манаки, да видиме што се случува во филмска, историска Битола. Од вечерва во Битола почнува динамична културна програма која што ќе ја понудиме на домашната публика, но и на големиот број туристи кои доаѓаат во Битола“, рече градоначалникот Талески./крај/мф/аш

Извор: Макфакс

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 часа

Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар. Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го...

Топ11 часа

Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице

Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице. Според информациите од МВР, околу во 14.50...

Македонија14 часа

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство. Од...

Македонија16 часа

„Влен“: ДУИ како во холивудско сценарио оркестрирала сензационално враќање на Груевски

Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот...

Македонија17 часа

(Видео) Ветрот направи повеќе штети во Битола: Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери

Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони...

Македонија18 часа

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски....

Свет19 часа

Трамп објави повеќе номинации за челните позиции во неговата идна администрација

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нова серија назначувања во неговата претстојна администрација. Поранешниот финансиски менаџер на...

Свет21 час

Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави...

Свет21 час

Мелони: Налогот за апсење на Нетанјаху ќе биде тема на Г7, Израел и терористите не се исто

Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот...

Свет1 ден

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова ја прими Шекеринска: Единството меѓу носителите на највисоките функции е клучот за успехот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на...

Македонија1 ден

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија2 дена

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија2 дена

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија2 дена

Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска,...

Македонија2 дена

За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните

Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да...

Топ2 дена

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...

Македонија2 дена

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија2 дена

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...

Македонија2 дена

СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е...