Скопје
Хуманитарна акција за децата без родители
Со цел да им се помогне и олесни почетокот на училишната година на 140 дечиња без родители и родителска грижа, како и деца кои се во ризик да ја загубат грижата од своите биолошки семејства, згрижени во СОС Детско село во Скопје, Здружението “Хуманост без граници” организира Хуманитарна акција на дарување.
„Нека училишната година биде почеток на едно прекрасно патување и период полн со радост и големи очекувања за сите деца. Да им помогнеме на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО сите ние и тие комплетно подготвени да ја дочекаат оваа учебна година“, велат организаторите.Книги, лектири, работни тетратки, учебници, тетратки за пишување, блокови за цртање, моливи, пенкала, фломастери, училишни ранци….се што сметате дека на некое дете ќе му биде од корист во текот на учебната година, можете да го донирате на акцијата на дарување , која ќе се одржи на 22 август 2015 година, во сабота, од 19 до 20.30 часот, пред Спомен куќата на Мајка Тереза, на улица „Македонија“, во центарот на Скопје, се додава во соопштението./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




