Европа
Лондон: Корбин повика на мир по нападот врз канцеларијата на неговата противкандидатка

Челникот на британските лабуристи Џереми Корбин повика на мир во вторникот откако беше фрлена тула во прозорецот од канцеларијата на лабуристичката пратеничка Анџела Игл, која ден претходно ја објави својата кандидатура за челничка на партијата со што стана противкандидатка на Корбин.
„Извонредно е загрижувачки тоа што Анџела Игл е жртва на таква закана и што другите пратеници примаат навредливи и заплашувачки пораки“, соопшти во писмена изјава лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин.
„И самиот примав закани со смрт оваа седмица, а и претходно. Ги повикувам сите членови на Лабуристичката партија и активистите да бидат мирни и да покажат почитување и достоинство, дури и во периодот на несогласување“, порача Корбин.
Инцидентот се случил меѓу понеделникот попладнето и вторникот утрото во крајбрежниот град Воласеј, крај Ливерпул.
Педесет и петгодишната Анџела Игл најави во понеделникот дека ќе се кандидира за водство на британските лабуристи, заедно со Џереми Корбин кој ја загуби довербата од многу партиски колеги незадоволни од неговото недоволно ангажирање во кампањата против излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
Нападот врз канцеларијата на Игл следеше по повторените поплаки на повеќе лабуристички пратеници и преатенички кои тврдат дека примале закани од лица кои ги поддржуваат Корбин.
Овој инцидент се одигра помалку од еден месец откако во северна Англија пред референдумот за Brexit ,беше убиена младата и перспективна лабуристичка пратеничка Џо Кокс којашто се залагаше за останување на Обединетото Кралство во ЕУ./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин