Регион
Јилдирим: Германската резолуција за ерменскиот геноцид е „тест за пријателството“ меѓу Берлин и Анкара

Планираната резолуција на германските пратеници со која масакрот на Ерменците од отоманските сили ќе биде признат како геноцид, е проверка на „пријателството” меѓу Берлин и Анкара, изјавил новиот турски премиер Бинали Јилдрим, пренесува AFP.
Планираната резолуција на германските пратеници со која масакрот на Ерменците од отоманските сили ќе биде признат како геноцид, е проверка на „пријателството” меѓу Берлин и Анкара, изјавил новиот турски премиер Бинали Јилдрим, пренесува AFP.
Долниот дом на Бундестагот во однос на резолуцијата треба да се изјасни оваа недела, а според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, евентуалното усвојување на текстот ќе ги наруши дипломатските, економските, политичките, комерцијалните и воените врски меѓу двете земји.
Масовно убивање и депортација на повеќе од милион ипол Ерменци за време на Првата светска војна од страна на отоманските Турци, од многу историчари и нации се смета како геноцид.
Турција, пак, ова го негира и тврди дека бројката на загинатите Ерменци е многу помала и дека тоа било поради граѓанската војна, а не поради „планираното разнебитување на христијанското малцинство“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Планинар паднал во провалија во Словенија и починал

Во неделата при искачување на планина, 43-годишен хрватски планинар се лизнал и паднал во провалија. Поради тешките повреди тој починал на местото на несреќата.
Полициската управа Крањ соопшти дека во неделата околу 12 часот добиле пријава за несреќата.
Неколку планинари се искачиле на снежната планинска патека. Пешачејќи, 43-годишниот хрватски планинар се лизнал на висина од околу 1.900 метри, а потоа паднал во длабочините. И покрај соодветната опрема тој се здобил со тешки телесни повреди и починал на местото на настанот.
Спасувачите од Регионалната управа за катастрофи и вонредни ситуации (ГРД) Крањ и дежурната екипа на Здружението за спасување на планина на Словенија (ГРЗС) пристигнаа на местото на несреќата со полициски хеликоптер, кој потоа го пренесе телото на планинарот во долината.
Полицискиот службеник од полициската единица Планина изврши увид и продолжува со собирање информации за сите околности на несреќата. Сите досегашни сознанија укажуваат на трагична планинска несреќа. Полицијата за сите информации ќе го извести надлежното државно правобранителство, соопштија од полициската управа Крањ.
Регион
Татко во Србија возел со голема брзина и излетал од патот, загина бебе

Тримесечно бебе загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во саботата на патот Зрењанин – Лазарево во Србија.
Несреќата се случила околу 14.15 часот кога автомобил со шест лица, меѓу кои и две бебиња, излетал од патот во нива.
Според информациите од истрагата, до несреќата најверојатно дошло кога возачот на автомобилот, таткото на загинатото бебе, кој има само пробна возачка дозвола, се обидел да го заобиколи возилото пред себе по што изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот во блиската нива.
Неофицијални извори тврдат дека возачот во моментот на несреќата возел со брзина од околу 140 km/h, што е значително над дозволената брзина на тој дел од патот.
„При превртувањето, кое се случи повеќепати, од возилото испаднаа жени, кои седеа на задното седиште со бебиња во рацете“, изјави извор близок до истрагата, пренесува „Блиц“.
На фотографиите од местото на несреќата објавени од страна на „Инстаграм 192_rs“ се гледа целосно уништено возило.
Според последните информации, полицијата го привела возачот Ј. К., татко на починатото бебе, кој е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа.
Регион
(Видео) Илјадници учесници на масовниот протест во Ниш

Илјадници учесници на масовниот протест „Студентски едикт“ синоќа во 23 часот и 52 минути молчеа на централниот плоштад во Ниш, оддавајќи им почит со 15-минутно молчење на 15-те лица кои загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.
Студентите и граѓаните стоеја во тишина, со вклучени батериски ламби на мобилните телефони, до седум минути по полноќ, на петтиот масовен митинг што се одржа во Србија во бранот повеќемесечни протести предизвикани од трагедијата во Нови Сад.
Со ова и формално заврши протестот кој започна во саботата во 9 часот, предводен од студенти од сите четири универзитетски центри во Србија. Студентите најавија дека до три часот наутро ќе го чистат плоштадот и околните улици каде се одржува митингот, а на ова им се придружија и жителите на Ниш.
Жителите на Ниш во петокот вечерта со овации ги пречекаа илјадниците студенти од десетици српски градови, кои пристигнаа на собирот по неколкудневно пешачење, возење велосипед и штафетен маратон. Десетици илјади луѓе се собраа на 18-часовниот митинг, а главната протестна програма во саботата вечерта го вклучи и прогласувањето на „Студентски едикт“.
Протестот беше организиран на денот кога се одбележаа четири месеци од уривањето на настрешница на неодамна реновираната железничка станица во Нови Сад, кога на 1 ноември загинаа 15 лица, главно млади луѓе, а уште двајца беа повредени со трајни последици.
Оттогаш, студентите и граѓаните бараат одговорност и правда за жртвите на плоштадите и улиците низ Србија, додека владата на протестите гледа како на „обоена револуција“. Студентите го најавија следниот голем протест за 15 март во Белград и ги поканија сите нивни колеги и граѓани на Србија да им се придружат.
Protest "Studentski edikt" snimljen dronom. pic.twitter.com/l1c1Djpmhp
— TV N1 Beograd (@n1srbija) March 1, 2025