Контакт

Европа

Објавена нова британска влада, Борис Џонсон шеф на дипломатијата

Објавено пред

– Борис Џонсон, поранешниот градоначалник на Лондон, именуван за шеф на британската дипломатија

dobivaj vesti na viber

Неколку часа откако официјално беше именувана на должноста, новата британска премиерка Тереза Меј, која истакна дека ќе ги прифати предизвиците на излегувањето од Европската унија, во средата вечерта го именуваше за министер за надворешни работи водечкиот евроскептик во Конзервативната партија и поранешен градоначалник на Лондон, Борис Џонсон.

Неколку часа откако официјално беше именувана на должноста, новата британска премиерка Тереза Меј, која истакна дека ќе ги прифати предизвиците на излегувањето од Европската унија, во средата вечерта го именуваше за министер за надворешни работи водечкиот евроскептик во Конзервативната партија и поранешен градоначалник на Лондон, Борис Џонсон.

За огромната задача што ја очекува новата британска влада, премиерката Тереза Меј основаше министерство коешто ќе биде целосно посветено на процесот на излегување на Велика Британија од Европската унија, а ќе го води Дејвид Дејвис, поранешен државен секретар за европски работи.

Меј на поранешниот министер за надворешни работи Филип Хамонд му го довери портфељот на финансии, а Амбер Рад е новата министерка за внатрешни работи, додека Мајкл Фалон останува министер за одбрана.

Претседателот на Европската комисија, Џан-Клод Јункер порача дека „нестрпливо ја очекува блиската соработка“ со Тереза Меј.

Кон крајот на август во Италија ќе се одржи самит за британското излегување од ЕУ меѓу францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Матео Ренци.

И поборниците на Brexit се нестрпливо и педесетина лица во средата навечер веднаш по вселувањето на Меј во премиерската резиденција пред Даунинг Стир 10 бараат моментално активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор за ЕУ, кој ја покренува постапката за напуштање на Унијата.

Педесет и четвртиот британски премиер во историјата, и само втората жена по исто така конзервативката Маргарет Тачер, евроскептичната Тереза Меј во текот на кампањата за референдумот му се приклучи на таборот за останување во ЕУ.

Ќерка на пастор, позната по својата решителност, работна енергија и одредено студенило, таа вети „социјална правда“ и обединување на земјата. Од претходно предупреди дека не предвидува да го покрене членот 50 пред крајот на годинава. А нејзиниот претходник Дејвид Камерон во средата ја повика да не им врти грб потполно на 27-те членки на ЕУ./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Орбан: Европа е на работ на војна

Објавено пред

Фото: архива

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска изјави дека ситуацијата е опасна и дека Европа е на работ на војна.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните на Европа мора да го кренат својот глас, во спротивно европските лидери ќе влезат во војна, рече Орбан, додавајќи дека ги гледа „истите знаци како и пред Првата светска војна“, пренесува МТИ.

Ставот на унгарската влада не е обликуван од интересите на другите, рече Орбан, додавајќи дека се води од интересите на Унгарија и ќе ги промовира само тие интереси, дури и ако тие не се совпаѓаат со интересите на другите.

Тој повика на „искрени и длабоки разговори“, но додаде дека медиумите финансирани од странство не се суверени и не треба да се водат дискусии со нив. Орбан исто така рече дека има многу левичари со кои може да соработува околу важноста на мирот и ги повика Унгарците кои го сакаат мирот да се приклучат.

Во врска со војната во Украина, Орбан оцени дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени за мир и дека е потребно влијание од големите сили за преговори. Според него, Украина повеќе не е суверена и преживува благодарение на западната помош.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Руската елитна единица „Рубикон“ ја уништува клучната предност на Украина: „Многу е опасно да се биде оператор на дронови“

Објавено пред

Елитната единица Рубикон на Русија, нова дивизија специјализирана за електронско војување и лов на оператори на беспилотни летала, драматично го менува балансот на моќ на бојното поле и ја уништува претходната предност на Украина во војувањето со дронови, објавува „Фајненшл тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Украинските пилоти на беспилотни летала, кои успеаја да им нанесат големи загуби на руските единици речиси две години, сега се цел на интензивен надзор и напади. Рубикон ја комбинира сопствената флота од борбени беспилотни летала, напредни системи за електронско извидување и брза ротација на тимовите за да лоцира и елиминира оператори до 10 километри зад линијата на фронтот.

„Лесно е да се замени дрон, но тешко е да се замени пилот“, рече украинскиот пилот Дмитро, кој опиша како за малку избегнал смрт кога руски дрон почнал да го следи над шума во близина на фронтовската линија.

Појавата на Рубикон предизвика застрашувачки превирања на дигиталното бојно поле, уништувајќи една од најголемите тактички предности на Киев. Неговиот успех дополнително ја оптоварува украинската војска, која веќе е во дефанзива против поголемите и подобро финансирани Руси.

Рубикон е „нашиот главен проблем“, рече Артем Карјакин, украински војник во близина на Покровск во Донецката област, клучен град на фронтовската линија кој се чини дека е на работ на колапс по една година борби.

„Доколку Русите немаа толку способни оператори на беспилотни летала, нивната пешадија немаше да може да влезе во градот“, рече Карјакин. „Многу е опасно да се биде оператор на беспилотни летала во моментов“.

Рубикон наводно има околу 5.000 членови и огромни ресурси. Наместо да се фокусираат на пешадијата, тие се насочени кон клучните украински оператори и логистика, возила, беспилотни летала и опрема што ги снабдуваат првите линии. Во исто време, тие обучуваат други руски единици и развиваат тактики, технологија и процедури за напредна контрола на беспилотни системи.

Аналитичарите од RUSI и Foreign Policy Research институтот велат дека Рубикон е еден од ретките, но значајни докази дека руската војска почнала да воведува иновации, оддалечувајќи се од ригидните бирократски структури што ја придружувале во раните години од инвазијата.

Украина се обидува да одговори со формирање сопствени тимови против беспилотни летала и воведување нови правила за операторите, менување на рутините, подобро прикривање, потивка работа и избегнување на непотребно движење.

„Најдобро е да седите во ров и да не се движите“, рече Дмитро. „Мислев дека можам малку да се шетам, но тоа е многу лоша идеја.“

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Фото) Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: десетици повредени

Објавено пред

Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев во ноќта помеѓу 13 и 14 ноември, користејќи стотици беспилотни летала и повеќекратни ракети. Според официјални лица, во нападот загинало најмалку едно лице, а 24 се повредени, а пет лица, меѓу кои и бремена жена, се хоспитализирани.

dobivaj vesti na viber

Експлозиите одекнувале низ целиот град, а бројни станбени згради биле погодени, објавува „Киев Индепендент“.

Шефот на воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, за време на нападот предупреди: „Русите се насочени кон станбени згради“. Тој додаде дека бројни станбени згради се погодени низ Киев, во речиси сите области.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека најмалку 11 станбени згради се погодени во ноќниот напад.

Државната служба за вонредни состојби на Украина објави дека спасувачките екипи евакуирале повеќе од 40 лица од погодените згради.

Напади, пожари и евакуации се пријавени во областите Подилски, Днепровски, Десњански, Соломјански, Свјатошински и Оболонски. Во областа Десњански, избувна пожар кој се прошири на петтиот до осмиот кат од станбена зграда, при што загина едно лице.

Покрај станбените згради, нападите оштетија и болница, училиште и дрвени конструкции на спортски центар.

Градоначалникот Кличко, исто така, извести за штети на делови од градската мрежа за греење, а службите за итни случаи во моментов ја проценуваат големината на штетата.

За време на нападот, прекини на електричната енергија се регистрирани и во неколку градски области.

Во поширокиот регион на Киев, шест лица се повредени во нападот, вклучувајќи и едно дете, изјави гувернерот Микола Калашник.

Четири лица се хоспитализирани со посекотини, изгореници и контузии на главата, додека седумгодишно момче претрпело повреди на лицето и добива медицинска помош. Калашник додаде дека во регионот биле погодени куќи, магацини, индустриски погони и автомобили.

Додека зградите гореа во Киев, украинските воздухопловни сили пријавија бранови беспилотни летала насочени кон централните, јужните и источните делови на земјата.

Групите за мониторинг соопштија дека повеќе од 120 беспилотни летала и мамки биле насочени кон главниот град, а десетици крстосувачки и балистички ракети биле лансирани кон различни региони. Предупредувањата за воздушни напади беа во сила низ целата земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека

Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност. Маршот во организација на...

Македонија7 часа

(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за...

Македонија7 часа

(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се...

Македонија8 часа

Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички...

Економија8 часа

ССМ: Народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата живеат добро

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра,...

Македонија9 часа

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот...

Македонија11 часа

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска ќе трае до 15...

Македонија11 часа

Времето денеска сончево, со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните...

Македонија21 час

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...

Македонија1 ден

Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Итно да се објави целиот извештај за непотребните операции на срце

Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се...

Топ1 ден

Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје

Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во...

Македонија1 ден

Гаши за барањата за датумот на одржување на изборите: Собранието постапува само врз основа на рокови

Во врска со сите барања и прашања што се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар,...

Македонија1 ден

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски...

Македонија1 ден

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се...

Македонија1 ден

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Непотребно оперирани или неправилно упатени пациенти се пронајдени во десет од анализираните 19 случаи на кои работи домашната комисија формирана...

Македонија1 ден

„Минималната плата оди на 26.400 денари, почнува новата економска ера“, велат од „Влен“

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН,...

Македонија1 ден

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и...

Македонија1 ден

„Поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е...

Регион1 ден

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска, а преживеа пад на авион пред 2,5 месеца

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти...