Европа
Џон Прескот: Војната во Ирак беше грешка со која морам да се носам до крајот на животот

До крајот на животот ќе живеам со одлуката да влеземе во војната и нејзините катастрофални последици, изјави Џон Прескот, вториот човек во тогашната влада на премиерот Тони Блер за војната од 2003 година кога САД и Велика Британија извршија инвазија врз Ирак, за што британскиот извештај објавен претходно седмицава покажа дека била неоправдана и нелегална.
Во написот објавен во весникот The Sunday Mirror, четири дека по објавувањето на извештајот за војната во Ирак изготвен од специјалната комисија предводена до сер Џон Чилкот, Џон Прескот денес член на Горниот дом смета дека таа војна била грешка.
„Во 2004 година генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, рече дека имајќи предвид дека промената на режимот е првата цел на војната, таа војна е незаконска, Со голема тага и лутина сега мислам дека беше во право“, пишува Прескот.
Извештајот Чилкот, објавен во средата, изнесе оцени за интервенцијата во Ирак за кој е одлучено под лабуристичкиот премиер Тони Блер, осудувајќи ја непотребната и непримерена инвазија поради слепата поддршка за тогашниот американски претседател Џорџ В Буш, која се повикуваше на наводно поседување оружје за масовно уништување кое никогаш не беше пронајдено.
Тон Блер изрази „болка, жалење и извинување“ по објавувањето на извештајот поради смртта на 179 британски војници. Меѓутоа, рече дека војната била основана, како и дека светот е побезбеден без поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, иако и по тринаесет години во Ирак нема мир.
Сегашниот челник на лабуристите, Џереми Корбин, се извини поради „катастрофалната одлука“ на тогашниот челник на неговата партија за нападот врз Ирак./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин