Култура
Рускиот виртуоз на пијано Александар Гиндин вечерва во Охрид
Рускиот виртуоз на пијано, Александар Гиндин ќе одржи концерт во црквата Света Софија во рамките на 51-вото издание на фестивалот Охридско лето, вечерва со почеток во 21 часот.
Рускиот виртуоз на пијано, Александар Гиндин ќе одржи концерт во црквата Света Софија во рамките на 51-вото издание на фестивалот Охридско лето, вечерва со почеток во 21 часот.Гиндин е еден од највпечатливите руски пијанисти на денешницата. Тој е најмладиот лауреат во историјата на реномираниот престижен натпревар „Чајковски“ во 1994 година. Успесите на натпреварите од ранг на „Кралицата Елизабета“ во Брисел, Кливлендскиот пијанистички натпревар во САД, „Санта Катарина“ во Бразил и други понатаму ги потврдуваа врвните квалитети на пијанистот. Како солист на Московската државна филхармонија одржува бројни концерти во Русија и низ светот. Соработува со прочуените оркестри: Кливлендскиот, Парискиот, филхармониите од Лондон, Минхен, Санкт-Петербург, Москва, Монте-Карло, Луксембург, Лјеж, националните оркестри на различни земји. Меѓу неговите соработници-диригенти се имињата од ранг на Владимир Федосеев, Саулус Сондецкис, Дмитриј Китаенко, Пааво Јарви, Томас Зандерлинг, Кшиштоф Пендерецки и др. Гиндин е постојан учесник на бројните музички фестивали и е уметнички директор на фестивалите во Москва и Перм (Русија), Минск (Белорусија) и Стокхолм (Шведска). Неговите концерти секогаш се инвентивни и честопати вклучуваат ретко изведувани дела. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во КИЦ групна изложба „Резонанца” по повод наградата „Борко Лазески“
Во Културно-информативниот центар во Скопје, најавено е отворање на изложбата на графики и слики од Јана Николовска, Антоанета Малинковиќ и Дорина Тенева насловена „Резонанца“
Групната излжба “Резонанца”, по повод наградата “Борко Лазески” ги обединува визуелните истранувања низ различните медиуми на авторките, ги претставува нивните лични, интроспективни тематики кои имаат за цел да го доведат гледачот во контемплативна состоjба.
Јана Николовска е родена во Битола 2000 година. Завршила средно уметничко училиште во Cкопjе во ДCУЛУД “Лазар Личеноски”, насока сликарство. Дипломирала на факултетот за ликовни уметности во Cкопjе во 2023 година насока сликарство во класата на проф. Антони Мазневски, а моментално е во тек со магистерски студии.
Антоанета Малиновиḱ е родена во Cкопjе 2000 година. Завршила средно училиште во гимназиjа Јосип Броз Tито, а го студира сликарството и дипломира во 2023 година на Факултетот за ликовни уметности во Cкопjе. Истата година таа станува член на Друштвото на ликовни уметници – ДЛУМ и учевствува на групни излонби.
Дорина Tенева е родена во Cкопjе 2001 година. Завршила средно уметничко училиште ДCУЛУД –“Лазар Личеноски” по насока сликарство. Продолнува да го студира сликарството на Факултетот за ликовни уметности во Cкопjе под менторство на проф. м-р. Антони Мазневски, а дипломира во 2023 година. Истата година станува член на Друштвото на ликовни уметници – ДЛУМ и учевствува на групни излонби.
Изложбата ќе биде отворена до 20.10.2024 година.
Култура
Премиерен концерт на Лука Шестак во Македонската филхармонија
На 19 октомври, сабота со почеток во 20.30 часот како дел од европската турнеја во Големата Сала на Македонска Филахармонија за прв пат во Македонија ќе настапи германскиот пијанист Лука Шестак.
Пијанист и композитор, кој е светски признат по својата виртуозност, комбинирајќи класична музика со џез, поп, блуз, фанк, хип-хоп и електронски стилови . Со неверојатни 30+ милиони прегледи на неговиот You Tube канал, а воедно и добитник на меѓународни престжни награди во областа на музиката слободно може да се каже дека ѕвездата е родена.
По неговото издание во 2020 година на синглот „Right or Wrong“ за Sony Music, Шестак се враќа до неговите корени со албумот „Lighter Notes “ со кој и премиерно ќе се претсави на македонската публика.
„Во текот на годините, мојата музика беше под влијание на џез, фанк, поп, блуз, хип хоп и електро битови. Со „Lighter Notes“ сакав да создадам албум кој ги прикажува овие влијанија, но не е „вообичаениот“ албум со џез звук што може да се очекува“, ќе изјави Шестак.
Култура
Љутков се сретна со министерката за култура на Црна Гора, Вујовиќ
На маргините на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Тамара Вујовиќ.
На средбата, министрите се согласија дека соработката во областа на културата меѓу двете држави е на одлично ниво, со можности за нејзино унапредување. Во тој контекст беше истакнато и значењето на потпишаната Програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за периодот 2023 – 2026 година, која ќе овозможи интензивна соработка, особено на полето на музичко-сценската дејност и во филмската дејност.
Министрите се согласија дека репродуктивни уметници и ансамбли редовно гостуваат на позначајните фестивали и манифестации во двете земји. Со оглед на тоа што во Црна Гора сè уште не се воспоставени одредени институции, министерот Љутков предложи гостувања на сродни институции од земјава, со што ќе се овозможи претставување на македонската култура и традиција во Црна Гора.
Љутков и Вујовиќ споделија и свои мислења околу начинот на функционирање на министерствата, при што министерот Љутков ја информираше министерката Вујовиќ за проширувањето на надлежностите на Министерството во областа на туризмот.
Црногорската министерка побара помош од македонска страна за соработка на полето на заштитата во смисла на размена на искуства, студентски престои од оваа област.
Министрите се осврнаа и на соработката на мултилатерален план, при што министерката Вујовиќ го покани министерот Љутков да присуствува на министерскиот состанок на иницијативата КОМОКОСЕЕ на крајот на ноември.