Контакт

Региони

Штипјани задоволни од втора вечер на пастрмалијада и настапот на Рибја чорба

Објавено пред

Втората вечер од Штипска Пастрмалијада во саботата вечерта донесе илјадници гости од цела Македонија, а настапот на култниот српски рок бенд Рибја чорба беше проследен со огромен интерес.
 

dobivaj vesti na viber

Втората вечер од Штипска Пастрмалијада во саботата вечерта донесе илјадници гости од цела Македонија, а настапот на култниот српски рок бенд Рибја чорба беше проследен со огромен интерес.

 

Речиси два ипол часа Бора Ѓоргевиќ и неговиот бенд ги забавуваа штипјани. Тие во неделата имаа средба и со градоначалникот на Штип, Илчо Захариев по што ги кажаа и своите импресии:

„Драго ми е што повторно сум тука, знаете јас сум чест гостин во Штип. Порано доаѓав сам и сето тоа е убава работа но најубавата е секако концерт. Драго ми е што Штип се отвори и со оваа манифестација и дека токму ние имавме шанса да свириме на неа. Не е важно што мислам јас за свирката, важно е дека ниту еден човек кој синоќа беше тука не си замина незадоволен“, рече Ѓоргевиќ, пренесува ТВ Стар од Штип.

На прашањето за вкусот на штипската пастрмалија, фронтменот на Рибја чорба напомена: „Ма одлична работа…погледнете ми го само стомакот и јасно е..“

Ѓорѓевиќ не ја исклучува можнсота и за анплагд концерт, но кажа дека има време бидејќи веќе имаат закажано такви настани на други места меѓу кои и во Словенија.

Во неделата вечер е финалето на десеттото јубилејно издание на пастрмалијадата и на неа како главна ѕвезда е поп пејачот Здравко Чолиќ. Се очекува уште поголем интерес од соседните градови и пошироко од Македонија, но локалната самоуправа со поддршка на сообраќајната полиција е подготвена да одговори на предизвикот.

Никој не може да каже колку пастрмалии се изедени или колку пијалак е испиено, но изминатите два дена локацијата Дујле е исполнета максимум а сите места покрај штандовите се исполнети до последното место. Во секој случај, и годинава над 100.000 пастрмалии сигурно ќе бидат бројка која угостителите ќе ја остварат без проблем./крај/мф/др

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Во државата се регистрирани 23 пожари, 11 се активни, еден е под контрола, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 19 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 23 пожари на...

Македонија6 часа

Не е безбедна употребата на „БТР 80“ бидејќи се оперира низ стрмни и тесни улици со остри кривини, вели Ангелов по прашањата дали истите се користат за гаснење на пожари

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во гаснењето на пожарот во скопско, учествуваат еден Хермелин со цистерна од 6...

Македонија7 часа

(Видео) Кризна состојба од 30 дена поради пожарите во државата, прогласи Владата

Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес-конференција соопшти дека во државата се прогласува 30 дневна кризна состојба поради ситуацијата со...

Македонија9 часа

Апел до скопјани за рационална и совесна употреба на водата за пиење, повторно има енормна потрошувачка

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода...

Македонија10 часа

(Видео) Кирков: Во ЗОО Скопје се работи аматерски, бараме оставка од управата

Дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа...

Топ11 часа

Монструм од Чегране (72) извршил обљуба врз 12-годишно девојче

Маж од Гостивар пријавил во полиција дека 72-годишен старец ја допирал неговата 12-годишна ќерка. Според информациите на МВР,  вчера во...

Македонија14 часа

Обвинение за поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари – допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации

Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција...

Македонија14 часа

(Видео) Километарска колона камиони тргнати кон Блаце стојат заглавени на скопската обиколница поради пожарот

Колона камиони, шлепери и цистерни, долга повеќе од два километра, е заглавена на скопската обиколница иако сообраќајот за товарни возила...

Македонија14 часа

(Видео) Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

За пожарот, кој во неделата околу пладне избувна покрај магистралниот пат, кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се...

Македонија15 часа

Недоволниот буџет и застојот во инвестициите го поткопуваат здравствениот систем, покажува ревизијата

Државниот завод за ревизија објави дека 23 програми за здравствена заштита во 2023 година се реализирале со недоволни средства, што...

Македонија15 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера интензивно го гаснат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени над 70 тони вода

Денеска, од раните утрински часови, два хеликоптера од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, „бел 412“ и „агуста бел...

Македонија16 часа

Скопскиот Регион со најмногу интервенции, пожарите сѐ уште активни на седум локации

Во изминатите 24 часа во државата се евидентирани вкупно 32 пожара на отворен простор, информираат од Центарот за управување со...

Македонија16 часа

Пожар во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, не е загрозена безбедноста на пациентите и на вработените

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола избувнал пожар како резултат...

Европа17 часа

Лавров ги објави руските услови за мир

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги изложи барањата на Москва за мировен договор за прекин на руската инвазија...

Свет17 часа

Шефот на НАТО: Ако Кина го нападне Тајван, кинескиот претседател ќе побара од Путин да го нападне НАТО

Доколку Кина започне инвазија на Тајван, би можела да побара од Русија истовремено да отвори втор фронт против земјите-членки на...

Свет18 часа

Трамп и Нетанјаху: Блиску сме до наоѓање земји што би можеле да ги прифатат Палестинците

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се сретнаа во Белата куќа, каде што разговараа за напорите...

Свет19 часа

Трамп воведе нови царини: Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна поминаа најлошо

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе високи, единствени царини за увоз од најмалку 14 земји почнувајќи од 1...

Македонија19 часа

(Видео) Арсовска: Фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, кој во бес дека се фатени среде неделото, физички ја нападна советничката Витина

„Град Скопје при вонредна теренска контрола затекна лице (инспектор во МВР), кој во тој момент нелегално се приклучува на мрежа...

Свет19 часа

Акциите на „Тесла“ потонаа откога Маск најави дека ќе формира партија

Акциите на „Тесла“ паднаа за речиси 7% еден ден откако извршниот директор Илон Маск најави формирање на нова политичка партија,...

Топ1 ден

Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје...