Скопје
Исчистени 53 км од одводните каналите во Општина Илинден
Како дел од Проектот за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали во Општина Илинден, од почетокот на годината досега исчистени се 53 километри од каналската мрежа, што е за 7 километри повеќе од планираните 46 километри за 2016 година.
Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа, Општина Илинен во координација со АД Водостопанство на РМ, „Скопско поле“ и ЈКП „Илинден“ континуирано врши машински и рачно чистење на отворените одводни канали што се наоѓаат на нејзина територија во должина од 120 километри.
Во рамките на реализацијата на Акциониот план за чистење на каналската мрежа за 2016 година деновиве е извршено рачно читење на сисавците на главниот канал, во локалната економска зона Марино-Кадино во должина од 700 метри, а во тек е рачно чистење на секундарен канал Азмак во населено место Кадино и Мралино, во должина од 2.000 метри.
Чистењето, нивелирањето и одржувањето на отворените одводни канали за зафаќање и одведување на атмосферските води е од големо значење за Општина Илинден. Поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа Општината, доаѓа до постојано покачување на нивото на подземните води, па затоа со редовното одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се влијае во поодбрувањето на животната средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




