Скопје
Карпош 3 доби 100 нови садници
По повод Денот на Општина Карпош, 3-ти ноември, покрај големиот број активности, во неделата во оваа скопска општина беше спроведена акција на чистење на околината, а вработените во локалната самоуправа заедно со градоначалникот Стевчо Јакимовски, насадија 100 садници во околината на наслебата Карпош 3, а потоа реализираа и редовно есенско чистење.
„По повод Денот на Општината, одлучивме да посадиме дрвца на територија на Карпош 3. Токму тука садиме 100 садници заедно со вработените на Општина Карпош коишто денеска ја чистат Општината, заедно со членовите на Советот на Општина Карпош. Претходно насадивме 50 дрвца во населбата Тафталиџе 2, 300 дрвца во населбата Карпош 4, 1.000 дрва покрај булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’. На ред сега е паркот кој се прави наспроти студентскиот дом ‘Гоце Делчев’, каде што ќе бидат засадени околу 200 дрва“, рече градоначалникот на Капрош.
Јакимовски истакна дека годинава во оваа скопска општина се засадени околу 1.500 дрвја, и дека на традиционалната манифестација Ден на дрвото, се планира над 5.000 дрва да бидат насадени по булеварите, парковите, по домовите, училиштата и градинките, со што Општина Карпош дополнително ќе зазелени.
„Оваа година ќе ја завршиме со некаде околу 7.000 дрва насадени на територија на Општина Карпош. Целта е зачувување на човековата средина имајќи во предвид дека Општина Карпош е општина која што најголем дел сама го одржува зеленилото и хигиената. Денеска е ден кога целата администрација од Општина Карпош се посвети на чиста и здрава општина“, истакна Јакимовски кој потсети дека локалната самоуправа и покрај тоа што секојдневно се чисти, секоја година врши целосно прочистување, наесен и напролет, од страна на целата администрација./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




