Европа
Италија се тресеше и во понеделникот, домино ефектот на потресите може да трае со месеци

Постојаните треперења на почвата по земјотресите од овој викенд во централна Италија го држат жителите во голема напнатост, објавија во понеделникот италијанските власти наведувајќи дека досега најсилниот потрес бил со магнитуда од 4,2 според Рихтер, додека, водечките италијански сеизмолози и натаму предупредуваат дека домино ефектот по должината на раседот на Апенинскиот полуостров предупредуваат дека еден голем потрес би можел да води кон друг.
Епицентарот на потресите и во понеделникот лежи крај малото гратче Норча во регионот Умбрија, каде беше и епицентарот на неделниот земјотрес со магнитуда од 6,5 по Рихтер, објави во понеделникот италијанскиот Национален завод за сеизмологија и вулканологија INGV.
Илјадници луѓе остана без домови по новите штети настанати по неделната природна стихија. Многу жители од централна Италија ја минаа изминатата ноќ во засолништа или во своите автомобил, бидејќи и не постојат други опции за сместување.
Штети се забележани и во италијанската престолнина Рим, кој лежи на околу 130 километри југозападно од Норча.
Новинската агенција Ansa објави во понеделникот дека две цркви мора да бидат затворени поради безбедносни причини: црквата во Сан Франческо и црквата Сан Еустачи, туристичка дестинација.
Близу 8.000 луѓе побарале помош од службата за Цивилна заштита, и распоредени се по хотели и други сместувачки капацитетит по најновиот потрес кој во неделата ги погоди централните области од Италија. Цивилната заштита проценува дека помош ќе им биде потребна на уште околу 3.000 луѓе. Наведува, исто така, дека се уште се грижи за околу 1.100 луѓе кои останале без домови по потресот од 24-ти август, кој во истата област уништи неколку помали градови и во кој загинаа 298 луѓе.
Земјотресот во неделата во истиот регион и оној од 24-ти август се поврзани со илјадници помали треперења на почвата вклучително и оној од 26-ти октомври
Италија е сеизмички една од најактивните области во светот, особено по должината на планинскиот венец, бидејќи со еден дел се наоѓа на евроазиската а со другиот на африканската тектонска плоча. На италијанските Апенини, кои се протегаат од Лигурија на северозападот па сé до Сицилија на југ, доминираат раседи во Земјината кора, а секој во просек е долг од 10 до 20 килоемтри. Научниците во неделата објаснуваа дека сегашната сеизмичка активност со еден вид „растегнување“ на Апенинскиот полуостров од исток кон запад, и укажуваат на тоа дека потресите со различна сила, најверојатно, ќе продолжат.
„За жал, не сме во состојба да предвидиме кога и со какви последици ќе се јават други потреси. Меѓутоа, теоретски, не можеме да ја исклучиме можноста дека други земјотреси со иста моќност како и досега, па дури и посилни, ќе се случат во зоната блиска на регионите каде што беа регистрирани овие појави“, изјави за Ansa во неделата соработникот на INGV, Алберто Микелини.
Џанлука Валенсисе, исто така, сеизмолог во INGV, за Reuters потврдува дека постои „геодинамичка поврзаност“ меѓу смртоносните потреси во август и сите оние кои следеа до понеделникот.
„Земјотрес со магнитуда од 6 или, поголема, создава стрес кој се редистрибуира по должината на раседот и предизвикува негово пукање, и тоа е веројатно она што се случува тука од август. Овој процес може да продолжи во недоглед, при што еден голен потрес го слабее сестринскиот расед во домино ефект, којшто, во принцип, може да опфати стотици километри“, вели Валенсисе.
Валенсисе вели дека Италија доживеала нешто што потсетува на низата земјотреси во Клабрија на југот од Италија во 1783 година, кога се забележани пет големи земјотреси со магнитуди од 6,5 или потреси во последните два месеца.
Во околината на Асиси, во централна Италија, во 1997 година се случиле три земјотреса. Првиот бил со магнитуда од 6,4 по Рихтер, и во него имало 11 загинати. Следните денови се случил уште еден, а третиот дваесетина дена подоцна. Во меѓувреме во истиот крај се регистрирани многубројни помали потреси.
„Таа низа била многу слична на оваа којашто ја гледаме сега, само што оваа е многу пообемна“, вели Валенсисе.
Според неговата процена, последователните треперења на почвата по земјотресот во понеделникот ќе ги има „барем уште неколку седмици“, но не е возможно да се знае дали во текот на тој период ќе има уште силни потреси./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Неколку возови во Украина запрени поради закани за бомба

Анонимни закани со бомби повторно го нарушија железничкиот сообраќај низ Украина, соопштија вчера властите.
Полицијата соопшти дека патнички воз што се движел кон Запорожје бил принуден да застане во селото Бурштин, каде што патниците биле евакуирани на безбедно растојание додека експерти и кучиња трагачи ги пребарувале вагоните за експлозиви. Откако добиле дозвола за патување, возот го продолжил своето патување.
Според новинската агенција УНИАН, неколку други возови во различни региони исто така биле запрени и проверени по слични закани. Меѓу нив била и линијата Днепар-Будимпешта што ја поврзува Украина со Унгарија.
Слични инциденти се пријавени во последните денови, иако не се пронајдени експлозивни направи во ниту еден од засегнатите возови, вклучително и на меѓународните линии. Сепак, превентивните проверки предизвикаа доцнења. Властите досега не дале информации за можните мотиви или потекло на заканите.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните власти, пренесе Би-би-си.
Destructive flooding right now in Godall, Tarragona Province, Catalonia, Spain.
pic.twitter.com/iLik2HbjXj— #كابتن_غازي_عبداللطيف (@CaptainGhazi) October 12, 2025
Драматични снимки кружат на социјалните мрежи на кои се гледаат порои од каллива вода што се движат низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, носејќи сè на својот пат.
#NSTTV Severe flooding has hit Spain’s Catalonia region after torrential rain triggered red alerts, trapping residents, halting trains and prompting mass safety warnings.
Read more at: https://t.co/TeLSOE5D6q pic.twitter.com/fnatpjaHZH
— New Straits Times (@NST_Online) October 13, 2025
Лошото време ја натера националната метеоролошка агенција на Шпанија АЕМЕТ да издаде црвена тревога, највисоко ниво, за крајбрежниот регион. Досега нема извештаи за жртви или повредени.
Devastating flooding is currently occurring in La Ràpita, Montsià, Catalonia, Spain.
📷 Jamila Moussaoui Jannati pic.twitter.com/1nVKHo7VXC
— Renalee (@rena_lynnx) October 13, 2025
Каталонската агенција за цивилна заштита апелираше до жителите на делтата на реката Ебро во Тарагона да не ги напуштаат своите домови. AEMET предупреди дека во областа може да наврнат до 180 милиметри дожд за само 12 часа.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално го анектираше, објави руската новинска агенција ТАСС.
Дронот го погодил објектот во градот Феодосија преку ноќ, предизвикувајќи пожар, објави ТАСС, цитирајќи го кримскиот лидер Сергеј Аксјонов. Нема непосредни извештаи за жртви, објави ДПА.
A Russian fuel depot in Feodosia (occupied Crimea), was struck again tonight. The site had previously been targeted a week ago. https://t.co/gg5LqmKEGJ pic.twitter.com/nWubjWcqHj
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 12, 2025
Наводно, над Крим се соборени повеќе од 20 беспилотни летала. Синоќа, руското Министерство за одбрана соопшти дека пресретнало 37 беспилотни летала над неколку руски региони, Црното Море и Азовското Море. Истиот складишен објект претходно беше оштетен во украински напад со беспилотни летала минатата година.
Украина постојано ги таргетира објектите за преработка на гориво зад фронтовските линии како дел од својата стратегија за нарушување на руските синџири на снабдување. Русија, исто така, ја нападна Украина со беспилотни летала и ракети.
🇺🇦💪👌👊
Drones have visited occupied Feodosia again — the oil terminal is on fire 🔥 pic.twitter.com/IRPIxp50bb— 𝔗𝔥𝔢 𝕯𝔢𝔞𝔡 𝕯𝔦𝔰𝔱𝔯𝔦𝔠𝔱△ 🇬🇪🇺🇦🇺🇲🇬🇷 (@TheDeadDistrict) October 13, 2025
Вчера, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија лансирала повеќе од 3.100 беспилотни летала и 92 ракети против Украина само во изминатата недела. Русија води војна против Украина повеќе од три и пол години.
фото: принтскрин