Региони
Со телемедицина до побрза дијагноза и третман во болниците
Лекарите од битолската и тетовската болница, најмногу се консултирале со своите колеги од клиничките болници, покажува статистиката на проектот Телемедицина, имплементиран кон средината на минатата година.
Лекарите од битолската и тетовската болница, најмногу се консултирале со своите колеги од клиничките болници, покажува статистиката на проектот Телемедицина, имплементиран кон средината на минатата година.
Во изминатиот период се реализирани вкупно 1.055 телемедицински консултации. Со проектот се опфатени повеќе јавни здравствени установи од секундарно ниво на здравствена заштита, меѓу кои: Клиничка болница Битола, Клиничка болница Тетово, Клиничка болница Штип, Општа болница Велес и Општа болница Струмица.
Меѓу установите со најголем број воспоставени телемедицински врски со доктори од универзитетските клиники се Клиничката болница во Битола – 448 телемедицински консултации и Клиничката болница во Тетово со 348 консултации.
Во рамки на проектот Телемедицина, докторите од болниците низ државата разменуваат знаење и искуства со нивните колеги од универзитетските клиники, со помош на аудио и видео врски. Комуникацијата меѓу докторите од болниците и нивните колеги од клиниките се воспоставува согласно најсовремените можности на комуникациската технологија, а во зависност од случаите, комуникацијата може да се одвива во присуство, или без присуство на пациентот. Целта е докторите од болниците за покомплексните и поспецифичните случаи да се консултираат со докторите од клиниките, без притоа да го упатуваат пациентот до друга здравствена установа.
Вообичаено, докторите од општите и клиничките болници се консултираат со своите колеги од универзитетските клиники во врска со воспоставување брза дијагноза кај одредени пациенти, околу промена на третманот на пациентот доколку нема подобрување на здравствената состојба, или околу препорака за извршување хируршка интервенција.
Имплементацијата на овој проект овозможи поефикасна соработка, унапредување на квалитетот на грижата и третманот на пациентите, а воедно се намали и непотребното упатување на пациентите за одредена здравствена услуга до Скопје, што значи и заштеда на финансиски средства и време./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.