Контакт

Надворешна политика

Груевски-Хас: Членството на НАТО е стратешка определба на Македонија

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во рамките на својата посета на САД заедно со партиска делегација во чиј состав се членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и пратениците Владимир Ѓорчев и Александар Николоски, во Њуjорк остварија средба со претседателот на советот за надворешна политика на САД Ричард Хас.

dobivaj vesti na viber

Советот за надворешна политика на САД е организација со седиште во Њујорк, со повеќе од деведесетгодишна традиција и едно од највлијателните тела кое ги одредува насоките по кои се одвива надворешната политика на САД. Советот обединува политичари, дипломати, банкари и финансиери, професори од угледни универзитети кои се вклучени во креирањето на политичките процеси на САД кои се дел од нивната надворешна политика.

На средбата со Ричард Хас, Груевски ги афирмираше приоритетите на Република Македонија во однос на надворешната политика, при што особено беше истакната заложбата за членството во НАТО алијансата како наша стратешка определба.

Груевски го запозна соговорникот со деталите од мигрантската криза како и мерките кои ги презема државата во насока на превенирање на пошироки последици. Истовремено Груевски го запозна Хас и со политичката состојба во државата како и со значењето на престојните избори како единствен излез од наметнатата политичка криза.

„Разговаравме за Македонија, за односите помеѓу Македонија и Америка, за предизвиците кои што ги имаше и има државата, и можните идеи и начини за напредокот на Македонија во иднина како и натамошните чекори кои што треба да се прават за разрешување на различните видови предизвици. Разговаравме за мигрантската криза и со предизвиците со кои се соочи Македонија во времето на мигрантската криза. Начинот на кој што се справуваше и сите ризици кои што произлегуваа и сеуште произлегуваат од можноста таа повторно да се разгори. Разговаравме и за повеќе значајни работи во делот на односите помеѓу Македонија и САД, за нашето сојузништво, партнерство и за сите оние работи кои што може да бидат предмет на заедничка соработка во иднина. Наша стратешка заложба е земјата да се вклучи во НАТО и во ЕУ и во тој поглед разменивме мислења за натaмошните правци како да се работи да се оствари оваа наша стратешка цел”, изјави Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Њујорк оствари средба и со претседателот на американскиот еврејски конгрес Џек  Росен. Оваа организација преставува влијателна тинк-тенк групација која располага со значителни финансиски средства и политичко влијание. Груевски и Росен разговараа за добрите и пријателски односи кои се негуваат со еврејската заедница, чекорите кои се преземани од страна на Македонија кон негување на традицијата и заштита на културното наследство на еврејската заедница присутна во Македонија. Со оглед на тоа дека Американскиот еврејски конгрес преставува влијателна организација во САД, се разговараше за можностите за зацрвстување на соработката и нивната помош во насока на интензивирање на македонско американското пријателство.

Груевски претходно оствари средба и со Мајкл Михан, шеф на американското тело за набљудување на медиумите, кој по средбата изјави: “Разговаравме за македонските напори да се унапреди ситуацијата и положба на државата на меѓународно ниво , зборувавме и за теми каде имаат напредок, како што е образованието, справувањето со проблемот на мигрантите и други области. Кога станува збор за членството во НАТО, Македонија работи напорно, ги поддржувам напорите на Груевски да се придружат во НАТО и значајно е да се земе предвид напорната работа која ја презема македонската влада на тој план. Постојат на глобално ниво премногу предизвици,  но Македонија и нејзиното раководство работат напорно државата да ја насочат кон правилна насока и правец.“

Груевски оствари и средба со Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на атлантскиот совет која е единствена граѓанска организација на НАТО. “Имавме одличен разговор со Никола Груевски, зборувавме за посветеноста во остварување на целта за интеграција во НАТО на вашата земја, нешто на што заеднички работиме напорно. Македонија поминува низ важен период и важни избори кои престојат, исто како и Америка  која го чека завршетокот на изборите и откако тие ќе поминат, ќе се внесе енергија и надеж во атланските интеграции со цел да се финишираат интеграциите на сите земји од Западен Балкан вклучително и Македонија“, изјави Вилсон./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет10 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија14 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија16 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ19 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија21 час

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија21 час

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет23 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ3 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија3 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија3 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија3 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија3 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...