Скопје
Општина Центар се гуши во ѓубре, надлежните си ја префрлаат топката
Преполни контејнери за ѓубре, некои превртени, некои оштетени, а околу нив полно смет, е речиси редовна слика во Општина Центар, во Скопје, на која се жалат граѓаните.
Ова прашање беше покренато на седницата за советнички прашања, при што беше констатирано дека граѓаните реагираат на сметот и нехигиената околу контејнерите во општина Центар.Градоначалникот на општина Центар потенцираше дека контејнерите се во надлежност на град Скопје и дека и тој е гневен на колегите од Град Скопје, бидејќи и покрај многуте апели и барања до градоначалникот Коце Трајановски, не се презема ништо, а состојбата е катастрофална.Жерновски, пред сите советници, посочи дека општината е подготвена и бара овој проблем да биде префрлен во надлежност на општина Центар.Од Градот Скопје реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски поврзана со собирањето на комуналниот смет на неколку локации на територијата на Центар.
Собирањето на комуналниот смет е надлежност на Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и тоа се врши редовно според однапред утврдена динамика. За жал, на одредени места возилата на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ немаат пристап и се спречени да дојдат до контејнерите за да ја го соберат сметот, пред сé, поради големиот број погрешно паркирани возила кои ги блокираат пристапите. „Дополнително, доколку ги погледнете фотографиите објавени на интернет порталот на Општина Центар, ќе забележите дека голем број од контејнерите се превртени и оштетени, а комунален смет се фрла надвор од контејнерите. Јавно ги повикуваме колегите од комуналниот инспекторат на Општина Центар да и соопштат на јавноста што имаат превземено за овие појави“, велат од Градот.Од таму ги повикаа градоначалникот Жерновски и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ да си ги извршат нивните должности и да го решат хаосот со паркирање на возила на овие локации, со што би се создале основни услови за ЈП „Комунална хигиена“ да може да ја врши својата работа./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




