Црна хроника
Три лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Зајас
Три лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа која вчеравечер, околу 19:10 часот, се случи на магистралниот пат Охрид-Гостивар, во близина на селото Зајас.
До несреќата дошло кога автомобил „Форд“ удрил во трактор, кој превезувал дрва и кој се движел по патот без светла.
Поради несреќата сообраќајот еден час бил во целосен прекин, потоа возилата биле пропуштани наизменично по една коловозна лента, а некаде околу полноќ како што информираа од АМСМ тој бил целосно нормализиран. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.