Македонија
„Излези да гласаш“ ќе ги набљудува изборите

Коалицијата “Излези да гласаш” повторно и овие предвремени парламентарни избори, ќе биде присутна и ќе ги набљудува.
Коалицијата „Излези да гласаш” на овие предвремени парламентарни избори ќе се регистрира како официјален набљудувач на изборниот процес, согласно правилникот и процедурите на ДИК, се со цел осигурување на фер и демократски процес во кој секој граѓанин ќе може да го истакне своето демократско право на глас.
„Излези да гласаш” е коалиција составена од околу стотина невладини организации, а предводена од невладината организација „Синергија” која е активна повеќе од 14 години.
„Ја информираме јавноста дека на официјалната веб-страна на НВО „Синергија” во текот на идната недела ќе биде објавен повик за волонтери-набљудувачи на предвремените парламентарни избори 2016, кој ќе биде проследен и до медиумите и до јавноста, за и овие избори како и сите претходни да имаме успешен сеопфат и мониторинг на избирачките места, воедно на истрата веб-страна изложени се сите потребни контакти за
понатамошни информации и прашања“, велат од коалицијата.
За сите нивни активности ќе бидат информирани дипломатските претставништва и дипломатскиот кор, кои исто така се активен набљудувач на изборниот процес.
„Исто така и овој изборен процес ќе функционираме на крајно транспарентен начин, набрзо ќе биде промовирана наменска канцеларија за изборите на коалицијата “Излези да гласаш”, каде што ќе може да има двонасочна комуникација со граѓаните“, велат од таму.
Воедно ќе функционира и официјалната е-маил адреса за предвремените парламентарни избори 2016, каде што граѓаните ќе можат да контактираат со коалицијата.
Од „Излези да гласаш“ велат дека ќе го следат изборниот процес и кампања како се одвиваат и ќе укажуваат на сите работи за кои сметаат дека треба да им бидат сервирани на граѓаните, се со цел осигурување на фер и демократски процес во кој секој граѓанин ќе може да го истакне своето демократско право на глас.
Очекуваат фер и демократски предизборен и изборен процес, согласно демократските и општествени вредности./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 14.30 часот, корисниците на обејкт на Меркур Македонија. (општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Радушка (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава, рече Герасимовски
Општина Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава во реално време, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Според него, јавната набавка е завршена, а веднаш по изборите ќе бидат поставени 30 мерни единици на различни локации.
„Заврши јавната набавка, чекаме да поминат изборите за да ги поставиме мерните единици – првично 30. Преку мобилна апликација, секој граѓанин ќе може да провери каква е фреквенцијата на бучава на одредена локација“, изјави Герасимовски.
Системот, како што објасни, ќе им овозможи на граѓаните докази при пријавување во Министерството за внатрешни работи или до општинските инспекциски служби. Целта е брза и ефикасна реакција на прекршителите, особено во зони каде што постојат проблеми со прекумерна бучава од угостителски објекти и сообраќај.
Во вториот дел од изјавата, Герасимовски зборуваше за следниот голем проект на општината – постепено затворање на Дебар Маало за моторен сообраќај, со што ќе се намали хаосот со паркирањето и ќе се создаде подобар квалитет на живот за жителите.
„Имаме ревидиран проект за затворање на Дебар Маало. Тој е доставен до Министерството за внатрешни работи и веќе имавме два состанока со МВР за да го подобриме и да добиеме одобрување. Така и беше договорено на последниот состанок“, рече Герасимовски.
Планот е Дебар Маало да се затвора дел по дел, почнувајќи веднаш по завршувањето на изборниот процес, а првата рампа веќе е поставена.
„Веќе поставивме рампа на почетокот на Боемска улица. Разговараме за начинот на кој таа зона ќе функционира, и тоа ќе биде пример за затворање и на други населби каде што сообраќајот и паркирањето се хаотични“, додаде градоначалникот.

