Европа
Чавушоглу: Турција ќе ги штити Бошњаците во БиХ

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека неговата земја е решителна да ги заштити Бошњаците, муслиманското население, во Босна и Херцеговина, и дека нема да дозволи над нив повторно да се извршат злосторства како геноцидот во Сребреница од 1995 година, пишува во вторникот сараевскиот дневен весник Dnevni avaz.
„Истакнувам дека Турција никогаш нема да ги остави своите бошњачки браќа и сестри“, изјавил за весникот шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушогли по повод 21-годишнината од геноцидот во Сребреница.
Чавушоглу рекол дека денес на сите им е јасно дека злосторството можело да се спречи и тоа е најважната поука која сите мора да ја извлечат.
„Обединетите нации беа тука, Европа и целиот свет беа тука, можеме слободно да кажеме дека злосторството се случило под покровителство на сите набљудувачи. Тоа треба да биде најголемата поука за сите кои имаат каква и да е дилема за димензиите на ова злосторство“, рекол турскиот дипломат.
Истакна дека Бошњаците биле жртви „само затоа што се муслимани“, и порачал дека одговорните мора да бидат казнети, а дека Бошњаците, заедно со Србите и Хрватите и другите им преостанува да ја градат земјата во којашто живеат.
Чавушоглу рекол дека после сето, сепак, верува во соживотот во БиХ, но додал дека одговорноста на политичарите во оваа земја е да работата на јакнењето на нејзината економија и намалувањето на невработеноста за да има иднина за неа./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин