Регион
Црна Гора во четврток и официјално станува дел од НАТО

Членките на НАТО во четврток на министерски состанок на Алијансата во Брисел ќе го потпишат протоколот за пристапувањето на Црна Гора во Северноатланската алијанса, пренесуваат црногорските медиуми.
Членките на НАТО во четврток на министерски состанок на Алијансата во Брисел ќе го потпишат протоколот за пристапувањето на Црна Гора во Северноатланската алијанса, пренесуваат црногорските медиуми.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер ќе присуствува на официјалното потпишување на пристапниот протокол а потоа како претставник на Црна Гора за првпат ќе присуствува на работните состаноци на НАТО, на кои ќе се разговара за актуелните безбедносни предизвици.
Националниот координатор на Црна Гора за НАТО, Веско Гарчевиќ изјавил дека со потпишувањето на протоколот се отвора завршната фаза за членството на НАТО, откако тој потоа треба да биде ратификуван од 28-те членки на Алијансата и црногорското Собрание.
Потпишувањето на протоколот ќе и овозможи на Црна Гора да учествува во работата на сите тела на НАТО на ниво на министри за надворешни работи. Црна Гора минатиот декември доби покана за да стане членка на НАТО и поддршката на јавноста за членство во Алијансата се движи околу 48 отсто, а против членството во Алијансата е дел од опозицијата, која се залага за поблиски врски со Русија и Србија и бара референдум за членството во НАТО./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ им се закани на демонстрантите; „Ле Монд“: Ситуацијата потсетува на Киев 2013/2014

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во понеделник вечерта, во продолжението на антивладините протести што се одржуваат низ цела Србија, дека државата „ќе ги прогонува демонстрантите многу повеќе, побрзо и посилно и ќе воспостави ред“, додека западните медиуми остро пишуваа за политиката на Вучиќ.
Во текот на вечерта, Вучиќ ги посети просториите на владејачката Српска напредна партија (СНС) во белградската општина Палилула, каде што беа скршени прозорци за време на протестите во понеделникот, и рече дека ова е „показател за тоа со какви насилници и силеџии“ се справува државата. Тој додаде дека демонстрантите „немаат што да им понудат на луѓето освен насилство, бандитство и уништување“.
Антивладини протести се одржаа низ цела Србија во понеделник вечерта, додека светските медиуми оценија дека Вучиќ усвоил „стратегија на страв“ со тоа што ги извел хулиганите и приватното обезбедување на улиците, спротивставувајќи ги на демонстрантите.
„Ле Монд“: Ситуацијата потсетува на Киев 2013-2014 година
Францускиот весник „Ле Монд“ ја споредува ситуацијата во Србија со настаните во Киев 2013-2014 година, кога хулигани и полицајци во цивил беа искористени за предизвикување насилство.
Според весникот, од вторник минатата недела, во неколку градови избувнаа судири меѓу поддржувачите на владата и демонстрантите.
Маскирани напаѓачи ги демолираа канцелариите на Српската напредна партија во неколку градови, додека видеа од насилни апсења се објавени на социјалните мрежи, а властите ја обвинуваат опозицијата дека се обидува да ја „уништи Србија“ и да предизвика „граѓанска војна“, го цитираат францускиот весник, белградските медиуми.
„Ле Монд“ нè потсетува дека протестите во Србија траат веќе девет месеци, откако 16 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад во ноември минатата година, што јавноста го протолкува како последица на широко распространета корупција.
Протестите беа упорно предводени од студентско движење кое сега бара Вучиќ да распише предвремени избори, ставајќи го во ситуација каде што мора да се соочи со пад на поддршката дури и кај до неодамна лојалниот бирачки корпус.
Весникот, исто така, наведува дека Вучиќ ги обвинува „странските служби“ за обид за „обоена револуција“ и се потпира на пасивноста на европските престолнини.
Фајненшл тајмс: „Балансирањето“ на Вучиќ на домашната и глобалната сцена
Британскиот Фајненшл тајмс (ФТ) пишува дека по децении на власт, ветераните на авторитарните режими неизбежно се соочуваат со прашањето дали да ја зголемат репресијата, да го зајакнат својот круг на капиталистички пријатели и да ги истиснат остатоците од независните медиуми или да се поклонат пред повиците на опозицијата за реформи, и дека Александар Вучиќ сега се соочува со токму овој избор, пишува ФТ.
„Автократите секогаш се одлучуваат за првиот пристап и стануваат потврдокорни. Сега Вучиќ се соочува и со антивладини протести на улиците на главниот град. Осум години како претседател на Србија, а пред тоа како премиер, владееше со интервенционистичка рака, но водеше повеќе „управувана демократија“ отколку целосна автократија“, пишува британскиот весник, истакнувајќи дека Вучиќ слично лукаво балансирал на глобалната сцена.
Според „Фајненшл тајмс“, пренесува белградската агенција ФоНет, претседателот на Србија има срдечни односи со Москва, но не е толку пријателски расположен кон неа што би ги „разбеснил“ Европската Унија и САД, покрај продажбата на оружје на Украина, а му се додворуваше на Пекинг за милијарди долари кинески инвестиции во индустријата и инфраструктурата.
Весникот, исто така, укажува на кокетирањето на Вучиќ со лидерите на евроблокот Урсула фон дер Лајен или францускиот претседател Емануел Макрон, не само поради најавата за можноста европските рударски компании да ги експлоатираат наоѓалиштата на литиум во Србија.
Според „Фајненшл тајмс“, Вучиќ изградил добри односи и со блиски соработници на Доналд Трамп за време на првиот мандат на американскиот претседател.
Си-ен-ен: Протестите го оспоруваат сè поавтократското владеење на Вучиќ
„Фрустрацијата поради неговото неодговорно и непроѕирно владеење се претвори во протести, предизвикани од уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад минатиот ноември, при што загинаа 16 лица. Станицата ја реновираа кинески компании како дел од иницијативата „Појас и пат“, а противниците на Вучиќ за уривањето ја обвинуваат државната корупција, лошото управување и слабиот надзор, кои ги сметаат за обележја на неговиот режим“, пишува ФТ.
Американската мрежа Си-ен-ен се осврнува на едно од низата јавни обраќања на Вучиќ во неделата, кога тој најави строги мерки против антивладините демонстранти по деновите улични немири низ Србија кои го доведоа во прашање неговото сè поавтократско владеење.
Во едно од неговите чести телевизиски обраќања до јавноста, Вучиќ ги обвини демонстрантите за „чист тероризам“ и ги повтори своите тврдења дека повеќемесечните постојани протести против неговата влада биле оркестрирани од Западот и имале за цел уништување на Србија, објавува Си-ен-ен.
Протестите во Србија продолжуваат од вечер до вечер, а студентите – по неколкуте масовни собири низ целата земја, кои заедно со другите во Белград на 15 март собраа стотици илјади луѓе – навестија „реприза“ оваа есен, најверојатно во септември.
фото: принтскрин
Регион
Конечна судска одлука: Додик повеќе не е претседател на Република Српска

Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина ја отфрли жалбата на Милорад Додик против одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) со која му беше одземен мандатот на претседател на Република Српска.
Како резултат на тоа, според сараевските медиуми, Додик официјално повеќе не е на таа позиција, а ЦИК е должна да распише предвремени избори за претседател на ентитетот.
Да потсетиме дека ЦИК претходно донесе одлука за прекин на неговиот мандат, но таа можеше да стапи на сила дури откако ќе стане конечна, или потврдена од Апелациониот совет на Судот на БиХ. Денешната одлука конечно утврди дека Додик повеќе не е претседател на Република Српска.
Во образложението на пресудата, Судот наведе дека мандатот на избраниот функционер завршува на денот на правосилност на пресудата со која е осуден на затворска казна од најмалку шест месеци, што во случајот на Додик беше 12 јуни 2025 година, кога беше донесена второстепената пресуда. Судот ги отфрли и тврдењата за ретроактивна примена на законот, нагласувајќи дека пресудата станува правосилна на денот на нејзиното донесување, додека нејзината извршност е поврзана со доставување до странките, што не ги менува правните последици за мандатот.
Фото: ЕПА
Регион
Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.
Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.
Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.
фото: принтскрин