Контакт

Свет

Њујорк предупреден за терористичка закана за претседателските избори

Објавено пред

Федералните власти ги предупредиле градските власти на американскиот мегалополис Њујорк на можни напади од исламистичките милитанти на терористичката мрежа Ал Каеда во периодот околу претседателските избори, па пред гласањето закажано за следниот вторник, 8-ми ноември, локалните полициски сили се ставени во состојба на приправност, потврдија во петокот функционери.

dobivaj vesti na viber

За можните напади од страна на исламистичките терористичка мрежа известени се њујоршката градска полиција NYPD и „Port Authority“ (PA), компанија којашто во Њујорк и соседен Њу Џерси управува со транспортната инфраструктура: пристаништата, мостовите, тунелите и аеродромите.

„Продолжуваме со засилените патроли во областа на сите наши локалитети“, изјавил за Reuters портпаролот на PA, Стив Колеман.

Од NYPD соопштија дека во извештајот за можните терористичките напади нема поподробни поединости.

„Запознаени сме со таа информација. Соработуваме со Федералното биро за истраги (FBI преку специјалната заедничка антитерористичка единици и разузнавачките бироа за борба против тероризмот“, објави NYPD.

Американската телевизиска мрежа CBS News претходно во петокот објави дека американските разузнавачи ги предупредиле властите во сојузните држави Њујорк, Тексас и Вирџинија за можни терористички напади од страна на Ал Каеда во понеделник, ден пред изборите./крај/мф/сн

Свет

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Објавено пред

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на Газа, објави израелското воено радио.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот, евакуациите сега се концентрирани во неколку периферни квартови на Рафа, од кои се вели дека евакуираните лица се насочуваат кон градовите со шатори во блиските Кан Јунис и Ал Муваси.

Меѓутоа, во она што се чини дека е почеток на евакуација на цивили пред копнен напад, израелската армија ги повика Палестинците во источните делови на Рафах да се преселат во блиската „хуманитарна област“.

По седуммесечната офанзива против Хамас, Израел соопшти дека во Рафа се засолниле илјадници борци од палестинската исламистичка група и дека победата е невозможна без заземање на градот.

Со оглед на тоа што повеќе од еден милион раселени Палестинци се засолнети во Рафа, изгледите за операција со многу жртви ги загрижуваат западните сили и соседниот Египет.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

Објавено пред

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано да дадат заклетва за лојалност оваа година на неговиот роденден, соопшти јужнокорејскиот Институт за развој на југ и север (SAND) со седиште во Сеул.

dobivaj vesti na viber

Во петокот, институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папката, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари, пренесува Ројтерс.

Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Објавено пред

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви откако нивните тела ги идентификувале нивните родители.

dobivaj vesti na viber

Јавниот обвинител Елена Андраде им кажа на родителите и дипломатските службеници дека мексиканските власти целосно ќе се посветат на истрагата за да ги изведат одговорните за злосторството пред лицето на правдата, пренесува Ројтерс.

Телата на браќата Калум (33) и Џејк (30) Робинсон од Австралија и американецот Картер Роуд (30) беа пронајдени на дното на бунар во мексиканската држава Долна Калифорнија минатата недела, по повеќедневна потрага.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет41 минута

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет51 минута

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет55 минути

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет1 час

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет1 час

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија20 часа

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија23 часа

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија23 часа

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија23 часа

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет23 часа

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до...

Македонија1 ден

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...

Свет2 дена

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет2 дена

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет2 дена

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ2 дена

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија2 дена

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ2 дена

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија2 дена

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...