Контакт

Црна хроника

Откриени измами и мигранти, запленети девизи, алкохолни пијалоци и фалсификати

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три измами, еден обид за нелегален влез на патници и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, алкохолни пијалоци, облека, техничка стока, стаклени чаши и фалсификати.

 

Во три одвоени случаи, при контрола на три патнички возила, пријавени за излез од државата, на граничниот премин Богородица биле откриени 15.500 евра.

 

Во првиот случај, при контрола на полски автомобил, управуван од полски државјанин, во рачна ташна сместена на совозачкото седиште, биле пронајдени 18.500 евра, за кои не поседувал документ за потекло и потврда за пријавени готови пари на влез во Република Македонија. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а 8.500 евра биле привремено задржани.

 

Во вториот случај, при личен претрес на двајца македонски државјани кои патувале со македонски автомобил, во преден џеб од јакната на сопатникот во возилото биле пронајдени 6.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 4.000 евра биле привремено задржани.

 

Во третиот случај, при личен претрес на македонски државјанин, кој управувал македонски автомобил, во паричник сместен во заден џеб од неговите панталони, биле пронајдени 5.000 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 3.000 евра биле привремено задржани.

 

При личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат биле откриени 3.500 евра. Во внатрешен џеб од јакната на возачот биле пронајдени 5.500 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

 

При контрола на автомобил со привремени германски таблички, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат биле откриени 14,5 литри разни алкохолни пијалаци (Jim Beam од 0,7 л, Јohnnie Walker Red label од 0,7 л, Gorbatschow од 0,7 л, Three Sixty од 0,7 л, Jegermeifter Winterkrauter од 0.7 л  и други). Непријавените пијалаци, пронајдени во куфер, сместен во багажникот на возилото се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

 

Во царинските испостави Табановце автопат – отсек за стоково царинење и Деве Баир – отсек за стоково царинење, пак, откриени се по еден обид за избегнување плаќање на увозни давачки со погрешно декларирање на вредноста на стоката.

 

Во првиот случај, увозник од Скопје, со две царински декларации во царинската испостава Табановце автопат – отсек за стоково царинење, пријавил за увозно царинење мандарини, со потекло од Хрватска.  Поради сомневање дека декларираната царинска вредност на стоката е нереално ниска, била извршена проверка во базата за царинска вредност на Царинската управа, од каде било утврдено дека идентична стока во приближно исто време била увезена по повисока вредност од декларираната, врз основа на што се изготвени два записници за царинска вредност и пресметани се дополнителни увозни давачки во вкупен износ од околу 34 илјади денари.

 

Во вториот случај, во царинската испостава Деве Баир – отсек за стоково царинење, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење 23.240 кг средства за перење, средства за миење садови и омекнувачи со ознаки на заштитени трговски марки. Нереално ниската декларирана вредност на производите, била причина царинските службеници да се посомневаат дека се работи за фалсификати на заштитени трговски марки поради што истите биле привремено задржани и била поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. Откако било добиено известување дека производите се оригинални, бил изготвен записник за утврдување на царинската вредност и биле пресметани дополнителни увозни давачи во износ од околу 140 илјади денари.

 

Во царинската испостава Скопје 1 е откриен обид за избегнување на плаќање на увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.

 

Увозник од Скопје пријавил за увозно царинење моторно возило декларирано во тарифна ознака за товарно возило. При извршена контрола на документите и физички преглед на возилото, било утврдено дека истото треба да се распореди во тарифна ознака за патничко (вклучувајќи и комбинирано) моторно возило.  Врз основа на новоутврдената тарифна ознака,  пресметани  се дополнителни увозни давачки  во износ од околу 20 илјади денари.

 

Во текот на минатата недела, на железничката станица Гевгелија исто така е откриен еден обид за нелегален влез на патници во државата. При контрола на товарен воз со празни вагони, пријавен за влез во државата, биле откриени 5 илегални мигранти со потекло од Сирија, Алжир и Мароко. Мигрантите се предадени на полициската служба од железничката станица, за понатамошна постапка./крај/мф/бс

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Објавено пред

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.

dobivaj vesti na viber

Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце

Објавено пред

Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.

dobivaj vesti na viber

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско

Објавено пред

Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет4 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија4 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија5 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија6 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ9 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија10 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ11 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија11 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија11 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија12 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија13 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет14 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа15 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа15 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа15 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија17 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија1 ден

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија1 ден

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија1 ден

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...