Контакт

Региони

Буковецот како заштитен македонски производ

Објавено пред

„Буковка”, „Буковец”,„Буковска пипер” … Буковка е зачин кој го има насекаде, ама кога зборуваме за Буковска пипер-тоа е зачин што во посебни услови го произведуваат жителите на селото Буково и сега е на пат да биде заштитен како македонски производ.

dobivaj vesti na viber

„Кога ќе им кажевме на производителите дека планираме да го заштитиме нивниот производ  не гледаа бледо. Денес  со помош на Слоу Фуд, креирајќи Президиум,  успеавме да го претставиме и на меѓународно ниво преку саемите на Тера Мадре, а воедно и го  заштитивме  во рамките на организацијата, што обработува еден добар дел од постапката за  заштита и  на државно ниво”, вели проект координаторот Елена Каровска.

 

Се трошат премногу пари за плаќање на скапи реклами кои служат за промовирање на производи каде се убедуваат потрошувачите дека се работи за традиционални производи. Денес постои цел пазар на “традиционални производи” иако само дел или воопшто не го имаат традиционалното во нив.

 

Кога на еден производ му се гарантира квалитетот тој се издвојува од другите кои се слични на него, а воедно се нерегистрирани и незаштитени. Со тоа се создава еден посебен поглед на потрошувачите кон тој производ.

 

Големиот број на традиционални производи претставуваат важен сегмент при секојдневниот избор на потрошувачите  кои се на пат да бидат конкурентни но и во предност во однос на  европската индустрија. Важен елемент за секое културно наследство претставува токму традиционалниот производ од таа област.

 

Отварањето на националните граници и глобализацијата доведоа до мешање на културите и традициите на народите. Слоу Фуд уште од самиот почеток работи за заштита на производите и местото од каде потекнуваат.  Заштитените ознаки не претставуваат гаранција само за квалитетот туку и за автентичноста за производот, а со тоа консументите добиваат сигурност дека некупуваат фалсификуван производ.

 

„Потекнувам од место од  каде потекнува и  еден производ надалеку познат и го носи името на моето родно место. Се работи за производ кој го има под неколку називи: “Буковка”, ”Буковец”,“Буковска пипер” … Буковка е зачин кој го има на секаде, ама кога зборуваме за Буковска пипер-тоа е зачин што во посебни услови го произведуваат жителите на селото Буково. Долги години наназад  се обидуваме да најдеме начин да ги разрешиме овие дилеми кај луѓето, па можам да кажам дека во последно време сме на правиот пат”, изјави претставникот на „Президиум Буково”, Горан Здравески.

 

И во Македонија мисијата на Слоу Фуд е насочена токму кон заштита и промоција на традиционалните производи кои сеуште во голем дел се присутни на скромната македонска трпеза.

 

Пастрмајлиите од Источна Македонија се дел од македонската кујна. Кога спомeнуваме Штип, прво на памет ни паѓа – Пастрмајлија. Штипјани за нивниот специјалитет велат: “Штом дојде зима, пастрмајлија да си апнам со црвено винце најубаво оди”. Специфично, меко, лесно за јадење. Исто така пастрмајлија се прави и во Велес, но и двете се разликуваат по начинот на подготовка.

 

Во поглед на заштита на производите и нивно појавување на пазарот како единствени со своја традиција и свои техники во петок ќе се одржи конференција за заштита на квалитет на традиционалните производи со почеток од 10 часот Дом на култура: „Иван Мазов Климе“,Кавадарци,

 

Организатор е Слоу Фуд Македонија со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ФАО (Светска организација за храна и земјоделство) и Слоу Фуд Интернационал. Домаќини се Општина Кавадарци и Слоу Фуд Тиквеш./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија2 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија3 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија4 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија4 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија6 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија7 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа8 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ8 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет9 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа10 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет10 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија10 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет19 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија23 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...