Региони
Бејли присуствуваше во Тетово на потпишување на меморандум за донација
Новиот американски амбасадор во Македонија Џес Бејли во неделата присуствува во Тетово, каде Општина Тетово потпиша меморандум за соработка со кој донираше 6.000 долари на Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи.
Фондот беше основан од УСАИД во 2014 за да обезбеди капитал за започнување и проширување на бизниси предводени од жени и млади, овозможувајќи им да ги зголемат производствените капацитети, да создадат нови работни места и да ја подобрат економијата во полошкиот регион.
„Малите и новите претпријатија често се соочуваат со бројни препреки при обезбедувањето на заеми и капитал. За жените претприемачи препреките често се уште поголеми. Со овој фонд ние работиме на отстранување на тие пречки,“ рече Џес Бејли, амбасадорот на САД во Македонија.
Три компании од Боговиње денест исто така направија донации за фондот. Фриготехника, Ас-Мобеланд и Универзал Ауто Партс донираа пари и опрема со вкупна вредност од околу $10.000. Освен почетната донација на УСАИД од $15.000, Фондот претходно има добиено донации од Еколог – Тетово и Општина Боговиње.
Со донациите во недела, вкупната сума на донации ќе достигне $56.000. Општина Брвеница исто така се очекува да направи донација во блиска иднина. За да се обезбеди долгорочноста на Фондот, УСАИД ги охрабрува сите бизниси и државни институции да инвестираат во него.
Истражувањата покажуваат дека општества со поголема родова еднаквоср доживуваат побрз економски развој. И јавниот и приватниот сектор се стекнуваат со придобивки кога жените можат целосно да учествуваат во економијата. Во изминатата година Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси им помогна на голем број на жени претприемачи со доделување на грантови за мали бизниси со потенцијал за раст. Со помошта на Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи, грантистите двојно го зголемија нивното производство и колективно создадоа 76 нови работи места, стои во соопштението на УСАИД. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.