Скопје
Скопје 52 години по катастрофалниот земјотрес
Во Скопје, во недела, со повеќе активности и манифестации ќе се одбележи 52 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со јачина од шест степени според Рихтеровата скала во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
Во Скопје, во недела, со повеќе активности и манифестации ќе се одбележи 52 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со јачина од шест степени според Рихтеровата скала во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
Официјални делегации и претставници на институции на Градските гробишта во Бутел ќе положат цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес.
Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на Град Скопје, од 9 до 17 часот ќе биде реализирана традиционалната крводарителска акција.
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи „МКЦ за Скопје“. Од 20 часот ќе биде отворена изложбата на младиот македонски уметник Иван Петрушевски-Филм, со наслов „Херои и нули“. Потоа следува проекција на документарниот филм за култните „Леб и сол“, „Каша“ во режија на Дарко Марковиќ, концертен настап ќе имаат групите Sethstat&Мирко Попов, Khara и Сусијат.
Во Музејот на Град Скопје, во 19 часот ќе се одржи литературно читање „Поетесите за својот град“, а во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје 1963-пред и потоа“, каде пред присутните ќе се обрати скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Концептот на изложбата е прикажување на централното подрачје на Скопје, пред земјотресот и потоа. Посетителите ќе можат да погледнат фотографии, создадени за изложба реализирана во Музејот на Град Скопје во 80-тите години на 20 век, насловена „Напоредни фотографии на Скопје“. Ќе бидат претставени и фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата „Старо Скопје“, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану, фотографии на фотографот Томислав Петернек, направени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје.
Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Загинаа 1.070 луѓе, а повеќе од 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.
Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца, а интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје, со што Скопје стана град на меѓународна солидарност./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

