Црна хроника
Претепан сопственик на куќа во кумановско, украдени пиштол, франци, евра и денари
Три непознати лица минатата недела, на 5 ноември претепале сопственик на куќа во кумановското село Отља и украле птиштол, евра, франци, денари.
Разбојниците влегле во куќата преку вратата која не била заклучена, физички го нападнале шеесет и шестгодишниот сопственик, удирајќи го во пределот на главата и телото и нанесувајќи му телесни повреди.
После тоа му одзеле пиштол марка „Застава“ калибар 7,62 мм, два мобилни телефони, 500 швајцарски франци, 150 евра, 14.000 денари и лична карта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.
Кражба се случила и викендов во село Желино во куќа сопственост на жител на селото кој бил на привремена работа во Германија.Сторителот, притоа, одзел златен накит и пиштол марка „Бул-чироки“ со рамка со три куршуми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот за целосно расчистување на настанот. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко
Денеска во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Починат маж пронајден во Охрид, бил пријавен за исчезнат пред четири дена
На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.
По преземени мерки, вчера е утврдено дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид бил пријавен дека се оддалечил од семејниот дом.
По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција.
Црна хроника
МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
Скопјанка на возраст од 82 години била измамена за 170 илјади денари во уште една измама со лажна сообраќајка.
„На 06.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор. Како што е пријавено, таа излегла на улицата и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

