Контакт

Надворешна политика

Жбогар: Назадувања во многу области, но препораката сепак останува

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Македонија се нотирани назадувања во многу области, но, сепак, она што е позитивно е што препораката за почеток на пристапните преговори останува, но под услов изборите да бидат кредибилни и Пржинскиот договор да биде целосно имплементиран, порача во средата по објавувањето на Извештајот, евроамбасадорот во Скопје Самуел Жбогар.

 

Најголем дел од назадувањата се однесуваат на областите на судството, борбата против корупцијата и медиумите, потенцираше Жбогар.

 

„Немаше напредок во судството во однос на минатогодишниот извештај и препораките, како и прашањата кои беа содржани во итните реформски приоритети. Корупцијата, исто така, преовладува во многу области и останува сериозен проблем, тука немаше напредок во однос на минатогодишните препораки. Капацитетите за ефективно справување со корупцијата не се доволни и постои политичко мешање во соодветните тела. Немаше ниту напредок во поглед на борбата против организираниот криминал, потребна е подобра ефикасност во борбата против перењето на пари и повеќе финансиски истраги, како и при конфискувањето на имот. Слободата на медиумите останува сериозен предизвик во политичката клима, и покрај неодамнешните охрабрувачки знаци, недостигаше балансирано известување, а немаше ниту целосна транспарентност во владиното рекламирање. Заплашувањето и нападите против новинарите мора да престанат“ изјави Жбогар.

 

Како позитивни моменти кои се случија минатата година, евроамбасадарот ги издвои постигнувањето на политичкиот договор и одредувањето на датум за изборите, со што сега постои и реална шанса за излез од двегодишната политичка криза.

 

„Сите политички сили треба да обезбедат услови за кредибилни избори на коишто народот ќе ја изрази својата слободна волја, каде партиските и државните активности ќе бидат јасно одвоени, каде судиите и администрацијата ќе можат да работат без политички мешање и каде Државната изборна комисија (ДИК) ќе може да продолжи со својата работа, а исто така балансираното медиумско известување ќе им овозможи на граѓаните да бидат соодветно информирани и да донесат одлуки“, додаде тој.

 

Жбогар, како и пред него еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан, порача дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е клучен дел од политичкиот договор и дека мора да се направат напори кои на ова тело ќе му обезбедат кредибилитет при решавањето на сите случаи кои произлегоа од прислушување.

 

„СЈО е дел од договорот и мора да има напори на ова тело да му се обезбеди кредиблитет во решавањето на случаите од прислушувањето. Истовремено, Парламентот мора да утврди политичка одговорност за прислушувањето и содржините кои произлегоа од него“, додаде Жбогар. Хан, пак, на пресконференцијата по повод претставувањето на извештаите за напредокот на земјите кандидати исто така порача дека на СЈО треба да му се дозволи да ја врши својата работа.

 

„СЈО мора да ја изврши својата работа а потоа резултатите да бидат доставени до основните судови, кои ќе треба да спроведат судења и да донесат одлуки. Важно е сите да се однесуваат на значаен, одговорен и професионален начин. Дефинитивно состојбата не е лесна, за земјата и за одредени клучни лица во земјата, но тоа е еден незаменлив елемент од понатамошната нормализација на политичката состојба во земјата. Се надевам дека сите се свесни за сопствената одговорност, дека ќе ги преземат неопходните мерки и заемно ќе се почитуваат во вршењето на своите должности“, рече Хан.

 

Запрашан околу можноста за формирање на Специјален суд, тој додаде дека фокусот сега треба да биде ставен на спроведувањето на фер и транспарентни избори, а потоа новата владата ќе треба да го реши ова, како и низа останати прашања.

 

„Сé уште има време, СЈО треба да ја изврши својата работа и секако дека во моментот има потреба од проценка за тоа, но сега треба да се фокусираме на изборите, формирањето на новата влада и потоа да се насочиме кон следните чекори, а дел од Пржинскиот договор е целосното разрешување на аферата со прислушувањето“, порача еврокомесарот, додавајќи дека на неодамнешните позитивни чекори во поглед на Пржинскиот договор мора  да се гледа како на шанса за конечно надминување на политичката криза./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет2 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет3 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет3 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет4 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет5 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет5 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија22 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија24 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија24 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија24 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...