Црна хроника
Четиригодишна затворска казна му се заканува на возачот што изгази 19-годишно момче

Возачот кој прегази и усмрти 19-годишно момче, бил пијан, во крвта му биле утврдени 2,43 промили алкохол, а сега се соочува со казна затвор од најмалку 4 години, одреден му е куќен притвор и одземена му е возачката дозвола.
Кривичната пријава за случената сообраќајната несреќа од 20-ти септември годинава, кога возач на патничко возило удри во сега починатото деветнаесетгодишно момче Х.К. во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна на 8-ми ноември.
Надлежен јавен обвинител веднаш започна со дејствија во насока на прибирање на податоци и утврдување на фактите. Донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое може да се добие затворска казна од најмалку 4 години.
Побаран е извод од крим евиденција за осомниченото лице кое управувало со моторното возило, наредено е сообраќајно техничко вештачење и прибирање на потребни податоци. Надлежниот обвинител веднаш ги повика за давање исказ лице сведок на настанот и осомниченото лице.
Од досега преземените дејствија утврдено е дека во моментот на случувањето на сообраќајната несреќа осомниченото лице го управувало возилото со 2,43 грам промили алкохол во крвта и со неприлагодена брзина.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, како и дека има потреба за непречено водење на истрагата, надлежниот обвинител до судот достави Предлог за определување на мерка – куќен притвор за осомниченото лице и Мерки на претпазливост – Одземање на возачка дозвола и Забрана за издавање нова возачка дозвола за осомниченото лице. Предложените мерки беа прифатени од судијата на претходна постапка со донесување на Решение од Основниот суд Скопје 1 Скопје./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривични пријави за поранешни директори и заповедник во затворот во Струмица: им давале одмор и излези на осуденици без да ги исполнуваат условите

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Ц.(41) од Струмица, поранешен директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица, В.М.(36) од Струмица, поранешен вршител на должноста директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица и В.Т.(42) од Струмица, заповедник на затворска полиција во Казнено-поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување’’ по член 353 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот Б.Ц., извршувајќи ја функцијата директор на установата, и пријавениот В.М., извршувајќи ја функцијата вршител на должноста директор на установата, злоупотребувајќи ја и искористувајќи ја својата службена положба, во повеќе наврати постапиле спротивно на член 70 од Правилникот за куќен ред за осудените лица кои издржуваат казна затор во казнено-поправната установа, односно издале решенија за одредени осудени лица да користат определени погодности, без да биде спроведена постапка која според правилникот треба да се спроведе пред издавање на такви решенија. На ваков начин, Б.Ц. во три случаи на едно лице му овозможил краткотраен излез од установата. Пријавениот В.М., во 32 наврати на седум лица им овозможил краткотраен излез од установата, а во два наврати на две осудени лица им овозможил користење на годишен одмор без да ги исполнуваат пропишаните услови. Исто така, В.М. на четири лица им овозможил распоредување од полуотворено во отворено одделение во установата и покрај тоа што не ги исполнувале условите.
Пријавениот В.Т., заповедник во Затвор Струмица, од пријавениот В.М. добил писмено овластување да врши работи од областа на ресоцијализација, без да поседува соодветно образование за тоа работно место, а притоа продолжил истовремено да ја раководи и Затворската полиција, односно да извршува работи на две различни работни места кои се исклучително важни и одговорни и кои се неспоиви.
Црна хроника
Серија напади во Скопје: тепачки на автобуска и пред клиника, мајка нападната од ќерка

Вчера во Скопје се регистрирани неколку инциденти во кои бил нарушен јавниот ред и мир со физички пресметки и напади.
Околу 18:10 часот на автобуска постојка во општина Аеродром, по претходна расправија, дошло до тепачка меѓу 35-годишниот Б.С. од Свети Николе и двајца скопјани – Н.Ц. (45) и О.Ц. (40).
Во 10:50 часот, во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, 34-годишниот А.Е. од Неготино бил физички нападнат од 41-годишниот С.С. од Скопје.
Во 15 часот, 68-годишна скопјанка пријавила дека претходниот ден во својот дом во Гази Баба била нападната од сопствената ќерка, 36-годишната Д.С.
Неколку часа подоцна, во 16:05, 71-годишниот С.М. од Скопје пријавил дека бил нападнат на подрачјето на Ѓорче Петров од 69-годишниот Н.З., кој при тоа употребил и тврд предмет.
Од МВР информираат дека во сите случаи се преземаат мерки за целосно документирање на настаните и ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Пијан возач сакал да побегне, а потоа ја нападнал полицијата

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 29.06.2025 во Штип, пријавениот управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 0,84 промили алкохол во крвта, а по издадена наредба од полициски службеници за исклучување од сообраќајот, се обидел да побегне и притоа физички нападнал полициски службеник.