Црна хроника
Мерки на претпазливост за малолетниците кои претепаа тинејџер до безсознание
Јавниот обвинител побарал притвор за двајцата малолетници кои на почетокот од месецов претепаа тинејџер во Скопје, но судот него прифатил предлогот на обвинителот и им изрекол мерки на претпазливост на децата, одземени им се пасошите и имаат обврска да не го напуштаат местото на живеење.
„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Барање за поведување на подготвителна постапка против децата во судир со законот од 14 до 16 години до Судијата за деца при Основниот суд Скопје 1 Скопје поради постоење на основано сомнение дека сториле дејствие што со закон е предвидено како кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 ст.3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Извршено е испитување на сторителите од страна на судија за деца, издадени се Наредби за вештачење на траги пронајдени и фиксирани на местото на настанот и одземени се предмети кои можат да придонесат во натамошната постапка“, соопштуваат од Обвинителството.
На 6-ти ноември во еден часот по полноќ, на улица „Битпазарска“, во близина на кафе барот „Стоп“ по вербална расправија двете деца на возраст од 14 години го претепале осумнаесетгодишниот тинејџер.
Децата со умисла го нападнале оштетениот, го удирале со тупаници во пределот на главата и градниот кош, од кои удари оштетеното лице паднало на земја, здобивајќи тешка телесна повреда изразена во вид на контузии на главата со повреди на мозокот, крвавење и со наполнети бели дробови со течност. Од настанатите повреди животот му е доведен во опасност./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.