Uncategorized
Презентации на стартапи пред инвеститори – успешен крај на пред-акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор
Оваа сабота се оддржа првиот јавен „Ден за демонстрација“ каде стартапите кои поминаа низ пред-акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор ги презентираа своите бизнис идеи пред инвеститори, бизнис ангели, фондови на разичен капитал, технолошки развој и иновација.
Пред-акцелераторската програма, која беше дизајнирана и имплементирана од Сеавус Инкубатор, имаше за цел да ги подготви претприемачите и стартапите за изработка на прототип, рана промоција на производ или финансирање. Вкупно 21 тим зема учество во 8-неделната програма, при што оние стартапи кои бараа инвестиции, застанаа на сцена за да ја „продадат“ својата идеја на заинтересираните инвеститори. Судиите, меѓу кои беше и Алан Шаф, основач и извршен директор на IMGUR, ги избраа најдобрите три тимови: Гордијан Системи, Системс фор ентерпрајс и Резервирај.мк.
„Денот за демонстрација“ беше организиран од Сеавус Инкубатор, а подржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт и Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус.
Според Стефан Томаџан, заменик шеф на мисија во амбасадата на Швајцарија во Република Македонија, во Македонија има претприемачки потенцијал кој не е целосно искористен.
„Швајцарија е целосно посветена на поддршка на претприемништвото во Македонија, и преку разни активности ги поддржуваме акцелераторите и инкубаторите со цел да понудат подобри и поразновидни услуги на претприемачите. Ги поддржавме Сеавус Инкубаторот во дизајнирање и спроведување на пред-акцелераторската програма каде претприемачите се здобија со знаења и деловни вештини за да ги подготват своите стартапи за рана промоција на нивните производи или за обезбедување на финансиски средства“, изјави Стефан Томаџан.
На овој настан му претходеше неколкудневна директна менторска активност на основачот на IMGUR Алан Шаф во пред-акцелераторската програма, директна работа со старт-ап компаниите како и пренесување на своите искуства и знаења на локални тренери кои во иднина треба да ги користат во активностите на и Сеавус Инкубаторот.
Сеавус Инкубатор е мултифункционален простор кој е посветен на поддршка на претприемачи и стартапи кои работат во областа на информационите технологии. Во Инкубаторот се менторираат идеи, се обезбедува инфраструктура и ресурси за успешен раст и развој на компаниите.
Сеавус Инкубатор е најголемиот општествено одговорен проект на Сеавус, интернационална компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Сеавус брои преку 650+ ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.
Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Swisscontact, и ПРЕДА Плус. Програмата работи во три сектори: туризам и угостителство, зелена економија и креативни индустрии и има за цел повеќе работоспособни мажи и жени, особено младите, да бидат ангажирани во одржливо, пристојно вработување или само-вработување и/или да заработуваат повисоки примања./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.
Uncategorized
Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ со албум снимен на три континенти
Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“: Албум снимен на три континенти што нуди музичко патување без граници. Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ сабота, 8 ноември, PUBLIC ROOM (во рамки на Skopje Design Week)
Во сабота, на 8 ноември, во Јавна соба, како дел од програмата на Skopje Design Week, македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Afro Gitano“ ,заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ.
Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и континентите. Китановски вели дека „Afro Gitano е музика што се движи како реката, како луѓето, како слободата“.
Албумот, снимен во време на пандемијата на три континенти и во шест земји, ја носи енергијата на спонтаноста и заедништвото. „Едноставно ќе пролета идеја што ни се чини добра, и тројцата се нафрламе на неа како мала глутница“, раскажува Китановски, откривајќи ја суштината на нивната уметничка хемија.
Африка, Балканот и урбаната сцена во едно
За Баба Сисоко, кого Китановски го опишува како „музичар од највисок ранг и гриот кој со музиката придонесува за мирот на земјата“, оваа соработка претставува спој на духовноста на западноафриканската традиција и џез-импровизацијата.
Во проектот се вклучува и диџеј Гоце САФ, кој со својата хип-хоп енергија внесува современа урбана димензија: „Џезот и хип-хопот се од иста мајка,“ вели Китановски, додавајќи дека триото создава „компактна единица во која секој ја задржува својата музичка суштина, а заедно пловиме беспрекорно.“


Музика што ја почитува традицијата и ја прегрнува слободата
Во „Afro Gitano“, Китановски ја продолжува својата долгогодишна мисија – да создава музика што е истовремено прастара и современа, длабоко вкоренета и бескрајно слободна. „Музиката е секогаш онолку добра колку што е блиска до коренот,“ вели тој, нагласувајќи дека искреноста кон себеси е единствениот пат до автентичност.
Албумот го издава лондонска издавачка куќа, а како што посочува Китановски, „само оригиналноста може да ја отвори портата кон светот.“
Настан што обединува музика, уметност и дизајн
Настапот е дел од Skopje Design Week – платформа што ги поврзува различните уметнички дисциплини. „Музиката е дизајн од невидливи треперења во воздухот и со тоа природно се вклопува во настанот,“ додава Китановски.
Публиката може да очекува концерт исполнет со ритам, импровизација и слобода. „Сакам да си поминат убаво, да се изнаиграат без да им биде гајле за другите околу нив, и секој да си пее различна песна од нашиот репертоар на пат за дома – само тогаш ќе знам дека албумот е навистина добар,“ вели Китановски.

